Ашот Таронит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свадбата на Ашот и Мирослава

Aшот Таронит (грчки: Ἀσώτιος Ταρωνίτης) бил син на дуксот Григориј Таронит и зет на царот Самуил. Додека се наоѓал во заробеништво кај Самуила, во него се вљубила Самуиловата ќерка Мирослава. Tаа му се заканила на татка си со самоубиство доколку не и дозволи да се венчаат. По свадбата Самуил ги испратил во Драч и го поставил Aшота за управник. Но Aшот и Мирослава преминале на византиска страна, отпловиле во Цариград и ги добиле титулите магистер и зосте.[1][2][3]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Стјепан Aнтолјак, Средновековна Македонија, I, Скопје, 1983;
  2. Бранко Панов, Средновековна Македонија, III, Скопје, 1983
  3. Милан Бошковски, Македонија во XI и XII век (надворешни упади на територијата на Македонија), Скопје, 1997.