Граве (претпријатие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
ГРАВЕ Осигурување - АД Скопје
ВидАкционерско друштво осигурителна компанија
ДејностФинансии и осигурување
Основано1828 (Македонија: 2007)
СедиштеСкопје
ПроизводиОсигурување
Мреж. местоwww.graweskopje.com.mk/mk/index

ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје или Grawe — македонско акционерско друштво за Осигурување со седиште во Скопје, а специјализирано за работа со животно осигурување. Ова друштво е дел од концернот Grazer Wechselseitige Versicherung AG (скратено: GRAWE) со седиште во Грац, Австрија, а формиран во далечната 1828 година.

ГРАВЕ во Македонија[уреди | уреди извор]

Во 2007 година била основана првата подружница на австриската група ГРАВЕ во Македонија, под името „ГРАВЕ Скопје“. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопственички капитал од австриското осигурително друштво GRAWE. Друштвото е основано со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година.[1]

Во 2009 година, Друштвото извршило усогласување согласно Законот за супервизија на осигурување, кое се однесувало на висината на гарантниот фонд и на органите на управување. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е реосигурано преку матичната куќа и кај германската реосигурителна компанија Münchener Rückversicherung-Gesellschaft од Минхен.

Во 2019 година, групата ГРАВЕ го купила друштвото „ЕУРОСИГ“ АД Скопје кое било интегрирано во групата под името „ГРАВЕ Неживот Скопје“. Во март 2020 година, групата ГРАВЕ го презела друштвото Еуролинк осигурување.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Историја на Grawe а.д. Скопје“. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 2010-12-28.
  2. „Осигурувањето ги штити најважните работи во животот“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]