ГРАВЕ (Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

ГРАВЕ (германски: Grazer Wechselseitige Versicherung AG, GRAWE) - австриско акционерско друштво за животно осигурување и неживотно осигурување, со седиште во Грац.

Историја[уреди | уреди извор]

Друштвото ГРАВЕ е основано во 1828 година од надвојводата Јохан од Австрија, како регионален осигурител од пожари со седиште во Грац.[1]

Активности[уреди | уреди извор]

Групацијата ГРАВЕ е составена од 18 подружници за осигурување во 13 земји во Европа. Покрај нив, групацијата е сопственик и на подружници во секторот на недвижностите и во финансиските услуги. Во 2020 година, по тринаесетти пат ГРАВЕ ја добил наградата „Recommender Award“ која ја доделува Здружението на финансиски маркетинг на Австрија (FMVÖ).[2]

ГРАВЕ се вбројува помеѓу најголемите австриски осигурителни друштва, со годишен прилив од премии од над 720 милиони евра и со околу 3,8 милиони договори за осигурување. Финансиската стабилност на GRAWE концернот се отсликува преку сопствениот капитал, кој е далеку над пазарниот просек, како и конзервативниот пристап и политиката на вложување. Средствата на клиентите најчесто се вложуваат во обврзници, државни записи и депозити во банки. И покрај тоа што може да применува поедноставна проценка на активата, ГРАВЕ ја проценува по строгиот принцип на пониска вредност.[3]

ГРАВЕ во Македонија[уреди | уреди извор]

Во 2007 година била основана првата подружница на австриската група ГРАВЕ во Македонија, под името „ГРАВЕ Скопје“. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е осигурително друштво кое работи со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и со регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година.[4]

Во 2019 година, групата ГРАВЕ го купила друштвото „ЕУРОСИГ“ АД Скопје кое било интегрирано во групата под името „ГРАВЕ Неживот Скопје“. Во март 2020 година, групата ГРАВЕ го презела друштвото Еуролинк осигурување.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Осигурувањето ги штити најважните работи во животот“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 10.
  2. „Осигурувањето ги штити најважните работи во животот“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 10.
  3. „Историја на концернот Grawe“. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 2020-12-15.
  4. „Историја на Grawe а.д. Скопје“. Архивирано од изворникот на 2018-09-02. Посетено на 2020-12-15.
  5. „Осигурувањето ги штити најважните работи во животот“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 12.