Прејди на содржината

Горица Атанасова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горица Атанасова (3 април 1922 во Владиловци — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Горица Атанасова е носител на Партизанската споменица 1941.

Пред војната му припаѓала на напредното работничко движење во Прилеп. Во септември 1940 година била примена за член на КПЈ. Со отпочнувањето на вооруженото востание енергично се вклучила во акциите за собирање на народна помош и подготвување на зимница за Првиот прилепски партизански одред. Пренесувала и растурала пропаганден материјал низ градот. На 10 септември 1942 година била уапсена од бугарската полиција и по долгите и мачни сослушувања, пропратени со терор, била интернирана во логорот „Светн Никола“, Асеновградско, Бугарија. Во овој логор за жени останала 13 месеци. По враќањето продолжила со својата револуционерна дејност во НОД. Таа е носител на Партизанска споменица 1941 и повеќе други одликувања.[1]

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 984.