Горазд Чепишевски
Горазд Чепишевски — македонски пливач, кој настапува за пливачкиот клуб „Вардар“ од Скопје.
Животопис[уреди | уреди извор]
Кариера[уреди | уреди извор]
Во октомври 2014 година, на пливачкиот митинг во Зрењанин, Србија, пливајќи во мал базен (25 м.), во трката на 200 метри градно, Чепишевски поставил апсолутен рекорд на Македонија, со време од 2:03, 42 минути. Притоа, тој го соборил македонскиот рекорд што една недела порано го поставил Марко Блажевски.[1]
На Светското првенство во пливање на 25-метарски базени, одржано во декември 2014 година, во Доха, Чепишевски поставил два државни рекорда на Македонија, и тоа: на 50 метри грбно (25,56 секунди) и на 100 метри грбно (56,70 секунди).[2]