Големан

Координати: 40°59′11″N 23°28′16″E / 40.9865° СГШ; 23.4710° ИГД / 40.9865; 23.4710
Од Википедија — слободната енциклопедија
Големан
Κουπατσιανός
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајЛагадинско и Серско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоБогданска Планина
 • координати40°49′49″N 23°19′08″E / 40.8302° СГШ; 23.3188° ИГД / 40.8302; 23.3188
Устие 
 • место
Струма кај Гудели
 • координати
40°59′11″N 23°28′16″E / 40.9865° СГШ; 23.4710° ИГД / 40.9865; 23.4710
Особености на сливот

Големан или Копач Дере или Копачдере (грчки: Κουπατσιανός, Купацијанос, т.е. Копачка) — река во Лагадинско и Серско, Егејска Македонија, десна притока на Струма.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката извира во Богданска Планина северно од врцит Чиплак (1.077 м) и тече на север. Во горниот дел го носи името Гурдере (Гур Лакос), а во средното Стимала. Под врвот Сапан Дермен свртува на исток и ја образува границата меѓу Богданска Планина на југ и Карадаг на север. Минува крај остатоците од истоименото село Копач Дере и излегува во Серското Поле кај селото Копач и се влева во Струма кај Гудели.[1]

Притоки[уреди | уреди извор]

→ лева, ← десна

  • → Казан
  • → Јарликија
  • ← Хламур (Фламури)
  • → Румли
  • → Караџали
  • → Анелико
  • → Коздакуз
  • → Махмутљу[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“