Говедарци
Говедарци (бугарски: Говедарци) ― село сместено во општина Самоков, Област Софија и скијалиште на планината Рила во Бугарија. Се наоѓа на 26 километри од Боровец и 80 километри од Софија. Во областа тече реката Црн (Черни) Искар, а селото се наоѓа во близина на Јончевското Езеро.


Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во предпарковната зона на Националниот парк Рила, покрај реката Црн Искар. Сместено во Говедарската котлина на 1157 надморска височина, има умереноконтинентална клима со минимална јануарска температура од -33,6 °C и максимална +30,3 °C во јули. Снег има во просек 160 дена годишно, а во зима снежната покривка е над 120 см.
Најпристапен пат до селото е од Самоков (13 км) преку селото Маџаре (1 км) асфалтен пат, но се стигнува и од Сапарева Бања преку одморалиштето Паничиште по земјен пат со теренско возило.
Население
[уреди | уреди извор]Бројот на населението според пописите низ годините:[1][2]
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1934 | 2.256 | — |
1946 | 2.397 | +6.2% |
1956 | 2.408 | +0.5% |
1965 | 2.224 | −7.6% |
1975 | 2.177 | −2.1% |
1985 | 2.069 | −5.0% |
1992 | 1.873 | −9.5% |
2001 | 1.638 | −12.5% |
2011 | 1.308 | −20.1% |
2019 | 1.114 | −14.8% |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „НСИ Преброяване на населението 2011 г.“ (бугарски). nsi.bg. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ „Bulgarian cities population“ (бугарски). mashke.org. Посетено на 8 јануари 2022.