Национален парк Рила
Национален парк Рила | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Панорамски поглед на Седумте Рилски Езера, еден од познатите белези на националниот парк | |
Место | Рила, Бугарија |
Најблизок град | Дупница, Самоков |
Координати | 42°11′N 23°35′E / 42.183° СГШ; 23.583° ИГД |
Површина | 810,46 км2 |
Воспоставен(а) | 24 февруари 1992 |
Управно тело | Министерство за животна средина и води на Бугарија |
Национален парк „Рила“ — најголемиот од трите национални паркови на територијата на Бугарија.
Овие територии се прогласени за национален парк на 24 февруари 1992 година. Паркот опфаќа територија со површина од над 81 000 хектари во централните и највисоки делови на планината Рила. Истиот е создаден со цел запазување на неколку одделни екосистеми, како и на одделни историски и културни објекти од национална важност. Од територијата на паркот извира една од најдолгите реки на Балканскиот Полуостров - Марица. Паркот се простира на надморска височина меѓу 800 и 2.925 м и на неговата територија се наоѓаат 120 природни езера, повеќето со ледничко потекло.
Националниот парк Рила се простира меѓу 41°53´ и 42°19´ северна географска ширина и меѓу 23°07´ и 23°55´ источна географска должина. На територијата на паркот се наоѓа највисокиот врв на Балканскиот Полуостров - Мусала.
На територијата на паркот се наоѓаат четири бугарски резервати - Парангалица, Централен рилски резерват, Ибар и Скакавица. Националниот парк Рила е една од најголемите заштитени територии во Европа. Двата резервата „Парангалица“ и „Маричини Езера“ се дел од светската мрежа на биосферни резервати по програмата на УНЕСКО "Човек и биосфера".
Природни особености
[уреди | уреди извор]Клима
[уреди | уреди извор]Паркот целосно влегува во планинската климатска област, која е определена од климатската поделба на области со надморска височина над 1000 м. Планина Рила се наоѓа на границата меѓу средоземни и континентален климатски појас.
Најниските температури во националниот парк се измерени на неговата највисока точка — врвот Мусала. Најниската измерена температура во паркот Рила е -31,2° С, а највисоката температура на врвот Мусала е 18,7°С. Температурата останува негативна во текот на девет од месеци. Во летните месеци температурата ретко надминува 15°С.
Во високите делови на паркот средната влажност на воздухот е околу 80%, како најсуви се студените зимски месеци, кога влажността на воздухот понекогаш паѓа под 50%. Во текот на зимата врнежите се големи — над 20% од средниот годишен просек на врнежи.
Првата снежна покривка во пониските делови на паркот се образува кон крајот на есента или почетокот на зимата - 15 - 30 декември, во посеверните и 20 - 30 декември во јужните падини на планината. Стабилна снежна покривка се задржува над 200 дена во годината, што е доста висок коефициент за таа географска ширина. Во пониските делови најдебелата снежна покривка се образува во текот на месец февруари, додека во високите — во текот на март. Во текот на последните зимски месеци снежната покривка во деловите со надморска височина над 2 000 м достига дебелина од над 2 м.
За паркот се карактеристични силните ветрови со брзина од над 30 m/s. Ветровите со таква брзина вообичаено дуваат од запад. Во највисоките места средната месечна брзина на ветровите надминува 10 m/s.
Води
[уреди | уреди извор]И покрај тоа што паркот не зазема толкав голем дел од територијата на Бугарија, од него извираат близу 4% од сите реки во Бугарија. Националниот парк е расположен во една од најбогатите зони богати со вода на територијата на Балканскиот Полуостров. Протокот на реките, кои извираат од паркот, имаат проток од 74 240 м3 годишно, а волуменот на водите во езерата и блатата - 8 500 м3.
Врнежите во највисоките делови на паркот се во рамките 100 – 1250 mm/m2, а во ниските — околу 800 mm/m2. Снежната покривка започнува да се топи во месец април, што предизвикува нагло зголемување на водостојот на реките. Исто така, од топењето на снеговите доаѓа основното количество од пивка вода, која се користи во блиските населени места.
Почви
[уреди | уреди извор]Горските површини на паркот се простираат на надморска височина меѓу 700 и 2 000 метра. Кафеави горски почви се среќаваат во пониските делови на паркот, а во високите планинско-горски темноцрвени почви. Во високопланинскиот појас се среќаваат планинско-горските темноцрвени и планинско-ливадните почви.
Флора
[уреди | уреди извор]Поголемиот дел од територијата на паркот е покриен со столетни шуми од смрека, молика и бел бор. Паркот се одликува со голем број на ендеми (видови со ограничена географска распространетост) и реликти (видови, остатоци од далечното минато). Вкупниот број на ендеми е 57, од кои локални се 3 вида, бугарски – 18, а 36 вида се балкански ендеми. Вкупниот број на реликти на територијата на паркот е 105 (74 вида од леденото доба и 31 вид од терцијарот).[1][2]
Шуми
[уреди | уреди извор]Шумите покриват 2/3 од површината на целиот парк и претставуваат преку 1,5% од сите шумски површини во Бугарија. Околу 42 500 хектари, односно 52% од територијата е пошумена. Останатата површина е околу 10 500 хектари и во неа се вклучени алпските пасишта во највисоките делови на Рила.
Средната надморска височина на шумите во националниот парк е 1800 м, што е релативно голема височина. Над 3/4 од горите се во појасот меѓу1500 и 2300 метри. Тоа што просечната надморска височина на шумите е релативно висока, укажува на добро развиените иглолисни видови, од кои најраспространети се видовите смрча, бел бор, молика и ела.
Листопадните шуми заземаат многу помала територија. Тие главно се претставени со бука, горун и трепетлика. Основните шумски површини се покриени со мешани шуми. Во повеќето од нив учество земаат и листопадни видови дрвја. Карактеристични за паркот се столетните зимзелени шуми. Просечната возраст на четинарите е 91 година, а на листопадните - 74. Вкупно, просечната возраст на дрвјата во резерватот е 90 години. Вкупниот волумен на потенцијалниот дрвен материјал во шумите на паркот е 6 милиони м3.
Фауна
[уреди | уреди извор]Животинскиот свет е многу богат. Евидентирани се близу 3 000 безрбетни животни, како и 172 вида ‘Рбетници. Има околу 100 вида птици, што е 30% од евидентираните птици во Бугарија. Од ‘рбетниците во националниот парк над 100 се впишани во Црвената книга на Бугарија, а 15 и во Црвената книга на Европа. Од безрбетните животни има 40 кои се вклучени во меѓународните списоци за заштита на природата.
‘Рбетници
[уреди | уреди извор]Во паркот вкупно се евидентирани 172 вида ‘Рбетници. Над 160 од нив претставуваат голем интерес не само во Бугарија, туку и во Европа.
Цицачи
[уреди | уреди извор]Во националниот парк Рила се евидентирани 48 вида цицачи. Од нив има 10 вида лилјаци, 22 вида ситни и 16 вида крупни цицачи. Неколку од овие видови се балкански ендеми. Од големо значење се кафеавата мечка и дивата коза како и волкот, чија распространетост во Бугарија е многу ограничена.
Птици
[уреди | уреди извор]На територијата на паркот се гнездат 99 вида птици, што е близу 1/3 од бројот на сите видови птици во Бугарија.
Влекачи и водоземци
[уреди | уреди извор]Влекачите и водоземците во паркот се претставени со вкупно 80 вида. Тоа е релативно висок број, што се должи најмногу на големата разлика во надморската височина, како и на климатското разнообразие. Македонскиот гуштер е балкански ендем. Исто така евидентирани се три реликтни вида - алпски тритон, планинска водна жаба и живороден гуштер. Алпскиот тритон е вид загрозени од исчезнување во цел свет.
Риби
[уреди | уреди извор]Во паркот има многу водни басени — реки и езера. во националниот парк се евидентирани 18 вида риби, три од кои се загрозени од исчезнување.
Безрбетни животни
[уреди | уреди извор]Во националниот парк има големо разнообразие од безрбетни животни. Евидентирани се близу 3000 вида безрбетни животни, меѓу кои има претставници на сите основни групи.
Голем број од тие животни претставуваат особен интерес. 312 од безрбетниците се впишани во списоците на ретки животни. Близу 250 се ендемски видови, колку што се и реликтните. Најмногу се видовите од групите бумбари, пеперуги, пајаковидни.
Туризам
[уреди | уреди извор]Рила е една од планините, во која туризмот е многу развиен. На територијата на националниот парк се намират голем број одморалишта, наменети за зимски и летен туризам. Во паркот се наоѓаат неколку одморалишта и туристички градови. Истите главно се наменети за зимски туризам. Еден од најпопуларните рилски одморалишта, што се наоѓа во рамките на паркот е Боровец.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Растителнија свјат во Национален парк рила“. rilanationalpark.bg. rilanationalpark.bg. 2011.
- ↑ „Гъби во Национален парк Рила“. rilanationalpark.bg. rilanationalpark.bg. 2011.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|