Гарска пастрмка
Гарска пастрмка | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Лососовидни |
Семејство: | Лососи |
Род: | Пастрмки |
Вид: | Гарска пастрмка |
Биномен назив | |
Salmo obtusirostris (Heckel, 1851) | |
Подвидови | |
|
Гарска пастрмка (науч. Salmothymus obtusirostris) — вид на риба од фамилијата лососи (Salmonidae). Живее во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора, како и Македонија. Нејзиното природно живеалиште се реките.
Во Македонија живее во Радика и нејзината притока Гарска Река, како и во притоки на Охридското Езеро. Уште ја има и во притоки на Скадарското Езеро. Главата е мала, а телото прилично широко. Забите се слабо развиени. Горната вилица допира се до под долниот очен раб. Лушпите се ситни, но се нешто поситни од кај радичката пастрмка, а се помали отколку кај мекоусната пастрмка. Слична е на мавровската пастрмка, од кој се разликува по збиеното тело и нешто подолгата глава, како и окото, кое е релативно поголемо. Најсигурна одлика за разликување од мавровската пастрмка е значително поголемата ширина на задниот дел на горната вилица кај гарската пастрмка. Разлики постојат и во бојата на телото и пигментацијата; кај гарската пастрмка црните флеки се поситни и се групирани во предниот дел на телото а ројот на пилорични израстоци изнесува просечно 46,5.
Позната грабливка, пред сè лови ноќе. Се храни со земни и летечки инсекти. Просечна големина е до 30cm и маса до 0,400kg, иако ретко, одделни примероци израснуваат до 45cm и маса до 1kg.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Crivelli, A.J. (2006). „Salmo obtusirostris“. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2006. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 25 септември 2009. (англиски)
- Crivelli, A.J. 2005. Salmothymus obtusirostris. 2006 IUCN Red List of Threatened Species.