Ганчо Пајтонџиев
Изглед
| Ганчо Пајтонџиев | ||
| Роден | 30 јули 1907
Велес, Солунски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 20 декември 2002 (возр. 95) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | гимнастичар и етнокореолог | |
Ганчо Пајтонџиев (Велес, 30 јули 1907 – Скопје, 20 декември 2002 ) – вежбач во спортска гимнастика, наставник по физичко воспитување и етнокореолог. Член и инструктор на соколски организации (1920–1941). По Втората светска војна, тој членувал во бројни фискултурни сојузи и здруженија, како стручно лице и автор на академски состави и слетски вежби. Како соработник на Институтот за фолклор, снимил преку 7.500 народни творби (10 јануари 1952 – 27 декември 1967), а значајни делови од нив се објавени во трите книги „Македонски народни ора“, во соавторство со Живко Фирфов и самостојно.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]- Македонски народни ора со кореографски знаци и терминологија, Кореографското писмо го составиле и оваа збирка ја уредиле Живко Фирфов и Ганчо Пајтонџиев, Скопје, книгоиздателство „Кочо Рацин“, 1953;
- Македонски народни ора од Малешевско, Делчевско, Кочанско, Светиниколско, Штипско, Радовишко, Струмичко и Валандовско, книга
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1109. ISBN 978-608-203-024-1.