Прејди на содржината

Габриел Делан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Габриел Делан
Роден(а)23 март 1857(1857-03-23)
Париз, Франција
Починал(а)15 февруари 1926(1926-02-15) (возр. 68)
Париз
ЗанимањеСпиритист, филозофски писател

Франсоа Мари Габриел Делан (23 март 185715 февруари 1926) — познат француски спиритист, психички истражувач, писател и електроинженер. Тој е најпознат по неговата книга „Спиритистички феномен“ (фр. „Le Pénomène spirite“).[1]

Живот и работа

[уреди | уреди извор]

Делан е роден во Париз во 1857 година. Неговиот татко, Александар Делан, бил пријател на познатиот основач на спиритизмот, Алан Кардек, а неговата мајка била психографски медиум. Делан бил еден од главните експоненти на спиритизмот, освен од Леон Денис по смртта на Кардек.

Написите на Делан главно се занимавале со прашањето за бесмртноста на душата и со реинкарнацијата. Како спиритист, тој се залагал за научен пристап кон психичките феномени. Тој го водел списанието на Францускиот спиритистички сојуз (фр. „Union Spirite Française“) наречено „Научен и етички преглед на спиритизмот“ (фр. „La Revue scientifique et morale du spiritisme“), од неговото прво објавување во март 1883 година.

Габриел Делан починал во Париз во 1926 година и бил погребан на гробиштата Пер Лашез.

  1. . 2017-05-24 https://www.editions-philman.com/gabriel-delanne/. Занемарен непознатиот параметар |site= (help); Занемарен непознатиот параметар |langue= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |titre= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |consulté le= (се препорачува |access-date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Оваа статија содржи текст превземен од француската Википедија, Габриел Делан.

Публикации

[уреди | уреди извор]

Од Делан:

Вклучувајќи пишувања на Делан:

Биографија:

  • Bodier, Paul & Régnault, Henri. ''Un grand disciple d'Allan Kardec: Gabriel Delanne, sa vie, son apostolat, son œuvre'' (Paris: J. Meyer, B.P.S., 1937).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]