Прејди на содржината

Вруток на Босна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вруток на Босна

Вруток на Босна (бошњачки: Vrelo Bosne, српски: Врело Босне) – извор во централна Босна и Херцеговина. Тој е извор на реката Босна и е едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина. Врутокот на Босна се наоѓа на периферијата на Сараево, покрај Илиџа. Тоа е едно од најпознатите места на природна убавина, сместено во подрачјето на Сараево.

Во текот на деведесеттите години на 20 век местото е слабо одржувано, па во 2000 година е покренат проект за голема ревитализација на местото. Локалните тинејџери водени од меѓународните еколошки организации на Врутокот на Босна му го вратиле претходниот раскош. Денес Врутокот на Босна е позната атракција, како за локалните посетители така и за странските туристи. Се состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци. Во паркот се наоѓаат доста животни како пајки и лебеди. Во паркот има ресторани, фијакери и други занимливости за посетителите.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]