Враќањето на Пинк Пантер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Враќањето на Пинк Пантер (англиски: The Return of the Pink Panther) – американско-британски филм од 1975 година, во режија на Блејк Едвардс, кој е автор и на сценариото, заедно со Френк Волдман. Главните улоги ги толкуваат: Питер Селерс, Кристофер Пламер, Кетрин Шел итн.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Од земјата Лугаш е украден дијамантот Пинк Пантер. Инспекторот Клузо, кој е назначен за истрагата, се сомнева дека кражбата е дело на познатиот англиски крадец сер Чарлс Литон, познат по прекарот Фантом, кој веќе неколку години е надвор од светот на криминалот. Кога ќе дознае дека е главниот осомничен, Фантомот решава да го пронајде вистинскиот крадец. Истовремено, Клузо ја следи сопругата на Фантомот и оди во еден хотел во Швајцарија. Фантомот, пак, оди во Лугаш, но таму е мета на тајната полиција. Потоа, тој ненадејно доаѓа во хотелот во кој престојува неговата сопруга и ја посочува како вистинскиот крадец на дијамантот. Но, во тој миг, во хотелската соба влегуваат шефот на тајната полиција на Лугаш и инспекторот Клузо. За среќа на Клузо, во тој миг, главниот полициски инспектор (кој цело време е љубоморен на Клузо) пука во него, но по грешка го убива шефот на тајната полиција. Така, сосема случајно, Клузо го решава случајот и го враќа дијамантот во музејот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]