Прејди на содржината

Војна и мир (1966)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војна и мир
РежисерСергеј Бондарчук
СценаристСергеј Бондарчук
Василиј Соловјов
Заснован нароманот „Војна и мир“
од Лав Толстој
Премиера1966 година,
добитник на Оскар (1969 г.)
Времетраење431 минута (вкупно времетраење на 4те дела)
ЗемјаСоветски сојуз
Јазикруски
француски
германски

Војна и мир ― советски филм од 1966 година, во режија на Сергеј Бондарчук.[1]

Филмот е снимен врз основа на романот на Лав ТолстојВојна и мир“. Сценариото го напишале Сергеј Бондарчук и Василиј Соловјов, музиката е на Вјачеслав Овчиников. Во главните улоги настапуваат: Сергеј Бондарчук, Људмила Савелева и Вјачеслав Тихонов. Филмот се состои од четири делови со вкупно времетраење од 431 минута.

Костим користен за време на снимањето

Содржина

[уреди | уреди извор]

„Војна и мир“ претставува екранизација на истоимениот роман на Толстој и во него се прикажуваат две паралелни приказни: едната се однесува на големата љубов меѓу Наташа Ростова (ја глуми Савелева) и кнезот Андреј Болконски (го глуми Тихонов), кој подоцна трагично го губи животот во војната против Наполеон, а потоа се мажи за грофот Пјер Безухов (го глуми Бондарчук). Другата приказна е во врска со големата војна помеѓу руската и француската армија. Под водство на императорот Наполеон француската армија влегува во Москва, но подоцна мора да се повлече, трпејќи големи загуби. Војната кулминира со големата битка кај Бородино.[2]

Филмот освоил повеќе награди, некои од позначајните се следниве:

  • Оскар“ (1969 г.) - за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје, а бил номиниран уште и во категоријата „најдобро уметничко уредување“[3]
  • Златен глобус“ (1969 г.) - во категоријата „најдобар странски филм“[4]
  • Гран-при (1965 г.) на 4-тиот Московски меѓународен филмски фестивал
  • Наградата на Националниот одбор за критичари (1968 г.) - за најдобар филм од странски јазик[5]
  • Наградата на Кругот на филмските критичари на Њујорк (1968 г.) - за најдобар филм од странски јазик[6]
Режисерско сценарио на „Војна и мир“
  1. „Sergey Bondarchuk | Actor, Writer, Director“. IMDb (англиски). Посетено на 2025-10-25.
  2. „Battle of Borodino“. Wikipedia (англиски). 2025-10-10.
  3. „The 41st Academy Awards | 1969“. www.oscars.org (англиски). 2014-10-04. Посетено на 2025-10-25.
  4. „HFPA - Awards Search“. www.goldenglobes.org. Архивирано од изворникот на 2010-11-24. Посетено на 2025-10-25.
  5. „National Board of Review of Motion Pictures :: Awards“. www.nbrmp.org. Посетено на 2025-10-25.
  6. „Awards – New York Film Critics Circle“ (англиски). Посетено на 2025-10-25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]