Воловодска тврдина

Координати: 40°50′17″N 22°57′01″E / 40.8380° СГШ; 22.9502° ИГД / 40.8380; 22.9502
Од Википедија — слободната енциклопедија
Воловодска тврдина
Κάστρο Νέας Σάντας
Карта
МестоВоловод, Кукушко
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°50′17″N 22°57′01″E / 40.8380° СГШ; 22.9502° ИГД / 40.8380; 22.9502
Видутврдена населба
Историја
РаздобјеIV - VI век
Прогласено заспоменик на културата

Воловодската тврдина (грчки: Κάστρο Νέας Σάντας) — археолошко наоѓалиште од типот на утврдена населба кај селото Воловод, Кукушко, Егејска Македонија.[1][2] Во 2000 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Тврдината се наоѓа источно од Воловод и северно од возвишението Средец (Камила). Претставува низок (210 м) рид со издолжен и сплескан облик во насока североисток – југозапад.[1][2] Под него е коритото на реката Куру која се влева во Галик на 8 км на запад.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Тврдината не е поистоветена со ниедно место споменато од историските извори.[2] Била утврдена населба со одбранбен карактер која штитела еден до премините кон Солунското Поле на југ.[1] Се смета дека е создадена во рановизантискиот период, некаде меѓу IV и VI век судејќи по површинските наоди од растурена керамика. Изгледа дека населбата постоела на почетокот од византискиот период, а потоа е напуштена, веројатно поради доаѓањето на Словените кон крајот на VI век. Можно е населбата да била напуштена и порано поради претходна варварска наезда. За разлика од недалечната тврдина Кале над солунското село Ени Маала, оваа тврдина никогаш не била обновена и останала неупотребена.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Од наодите се гледа дека на местото имало населено место со утврдување кое се простирало под ридот. Мястото никогаш не е било систематски проучвано.[2]

Во северниот дел на ридот се забележува бедем останат до висина од 1 м. Открени се остатоци од градби од делкан камен и доцноантичка керамика (IV – VI век).[2]

Голем дел од ѕидината околу местото настрадала од ерозија на падините и покриена е со густа растителност. Сепак, на места се забележуваат остатоци од ѕидови и даваат доста добра претстава за обѕидието. Бедемот имал обиколка од 500 м и дебелина од околу 2 м. Бил изработен од необработени камеања со различна големина. За врзивен материјал е користен варов малтер. Во фугите има фрагменти од плочки и други елементи. Најдобро зачуваните делови од ѕидот се од западната и јужната страна на утврдувањето. Јужната страна била најзајакната бидејќи била најранлива од напади. Јужната страна всушност била највисоката точка на замокот, на надморска висина од 220 м. На ова место во внатрешноста има остатоци од правоаголни градби. Веројатно станува збор за урнатини на кула или цистерна, што е вообичаено за највисоките точки на византиските тврдини.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/ΚΗΡ/21925/614/28-7-2000 – ΦΕΚ 1042/Β/23-8-2000“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-12-02. Посетено на 25 јуни 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Κάστρο Νέας Σάντας“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 11 декември 2022.