Куру (река во Кукушко)
Изглед
| Куру Ξηροπόταμος | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Земји | Грција |
| Крај | Кукушко, Лагадинско и Солунско, Егејска Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Карадаг, Кукушко |
| • координати | 40°56′48″N 23°05′41″E / 40.9466°N 23.0948°E |
| Устие | |
• место | Галик кај Ени Маала, Солунско |
• координати | 40°49′00″N 22°51′55″E / 40.8166°N 22.8654°E |
| Особености на сливот | |
Куру (грчки: Ξηροπόταμος) — река во Кукушко, Лагадинско и Солунско, Егејска Македонија, лева притока на Галик.[1]
Реката извира под името Допра во источното подножје на Карадаг, источо од кукушкото село Пазарли и западно под врвот Месе (719,4 м). Тече на југозапад, постепено преминувајќи во јужен правец и го добива името Оморли. Кај лагадинското Ново Село свртува на запад, минава во клисура меѓу Средец (Камила) од југ и Асирли од север, излегува кај Воловод, завива на југ, а потоа пак на запад и се влева во Галик северно од солунското село Ени Маала.[1]
