Влезни единици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Влезни единици(Хардвер)[уреди | уреди извор]

Уште од зачетоците на проектирањето на сметачите паралелно се проектираат и влезните единици како неодминлив хардвер потребен за внесување на податоци во сметачот. Со еволуцијата на сметачките машини евулира и овој хардвер. Прозводителите на овој хардвер развиваат и соодветен софтвер за подршка на истиот - таканаречените драјвери (driver) кои се интегрираат во оперативните системи и служат за управување на овој хардвер.

Значи, како влезни единици за еден личен сметач се сметаат уредите кои овозможуваат внесување на влезни податоци во сметачот. Највообичаени влезни единици се тастатурата и глувчето, а со развојот на информатиката се создаваат нови влезни единици, на пример: Скенер, ВебКамера, Тачпед, Трекбол, Графичка табла, Микрофон, Светлосно перо, Дигитален фотоапарат и др. За подобро доживување на компјутерски игри се користат и: Џојстик, Гејмпед, Оптички пиштол, Волан и др.

Во зависност од оперативниот систем (Windows, Linux, Mac-OS, OS/2 итн.) влезните единици имаат различни софтверски компоненти, начин на нивна дистрибуција и инсталација.