Трекбол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логитхен топ -топка.

Трекбол (англиски: trackball) — влезна единица чија намена е иста како и глувчето и го заменува во случај кога на работната маса покрај тастатурата немаме место за движење на глувчето. Трекболот по конструкција е сличен на глувче свртено наопаку. Движењето на стрелката се манифестира со движењето на топчето кое се наоѓа на горната страна од трекболот. Трекболот наоѓа примена кај преносните компјутери, а најчесто е вграден и на самата тастатура или се приклучува од страна.