Графичка табла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Графичка табла

Со развојот на графичките апликации, и апликациите за векторско цртање се јави неопходна потреба од нов влезен хардвер, таканаречен графичка табла. Составена е од подлога - таканаречена табла, молив, таканаречен pen кој е поврзан со персоналниот сметач и прецизно ги дава податоците и координатите за неговата моментална положба. Вообичаено за нивно приклучување се користат сериските приклучоци на персоналниот сметач, а во поново време и USB-приклучокот.

Постојат различни графички табли во зависност од производителот и нивните решенија, но сите се во функција на пренесување на ракопис (handwritting) во графичката околина. Постојат разлики помеѓу нив, во поглед на работната површина (workingpad).

Резолуцијата на отчитување е од 100 lpi кај аматерските, па до 2540 lpi кај професионалните графички табли (lpi = line per inch). Кај графичките табли постојат разлики и во нивната осетливост на притисок. Аматерските табли не реагираат на силата на притисок на моливот, а додека кај професионалните, во зависност од притисокот на моливот ја менуваат дебелината на линијата во графичкото опкружување.

Графичките табли за да успешно ја извршуваат функцијата неопходно мораат да имаат придружен софтвер од производителот, соодветен на оперативниот систем кој се користи на компјутерот.

Кај поголем број преносни компјутери, самиот екран е осетлив на допир и има функција на графичка табла.