Вичегда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вичегда
Местоположба
Физички особености
УстиеСеверна Двина
 • надм. вис.
41 м
Должина1.130 км[1]
Особености на сливот

Вичегда е десна притока на реката Северна Двина во Архангелската област во Русија.

Реката е долга 1.130 км со површина на слив од 121.000 км2. Реката има претежно нивален режим. За високиот водостој пловна е до Волдин (959 к). Просечниот годишен проток на устието изнесува 1.100 м3/с. Заледена е од ноември до мај.

Главни пристаништа се Солвичегорск, Јаренск, Межог, Ајкино, Сиктивкар и Уст-Кулом.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Вычегда. Great Soviet Encyclopedia.[мртва врска]
  2. Dvina – Ust-Pinega