Прејди на содржината

Вистинита приказна за Џеси Џејмс

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Вистинита приказна за Џеси Џејмс“ (англиски: The True Story of Jesse James) — американски филм од 1957 година, во режија на Николас Реј (Nicholas Ray), по сценариото на Волтер Њумен (Walter Newman) засновано врз претходното сценарио на Нунали Џонсон (Nunnallyj Johnson). Главните улоги ги играат: Роберт Вагнер (Robert Wagner), Џефри Хантер (Jeffrey Hunter), Хоуп Ланге (Hope Lange), Агнес Мурхед (Agnes Moorehead), Алан Хејл Јуниор (Alan Hale Jr.), Алан Бакстер (Alan Baxter), Џон Карадин (John Carradine) и Рејчел Стивенс (Rachel Stephens). Филмот претставува преработка на „Џеси Џејмс“ од 1939 година, режиран од Хенри Кинг. Автор на музиката е Ли Харлајн (Leigh Harline), а директор на фотографијата е Џозеф Мекдоналд (Joseph MacDonald).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Џеси Џејмс (го игра Вагнер) е момче кое живее на една фарма во Мисури, но подоцна станува одметник и извршува поголем број грабежи. Еден ден, во 1876 година, заедно со брат му Френк (го игра Хантер), со револверашот Коул Јангер (го игра Хејл), со стариот Такер (го игра Хојт) и со другите членови на бандата, тој заминува во градот Нортфилд во Минесота, со намера да ја ограби тамошната банка, меѓутоа среќата го напушта...