Прејди на содржината

Висина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Височина)
Висината на еден квадар

Висина или височина[1] — мерка со која се изразува вертикално растојание со две значења. Едното се однесува на вертикалната големина на едно тело (колку нешто е високо), а другото искажува вертикалната положба на телото (на која висина е телото) телото). На пример, велиме „Зградата е висока 50 м“, но и „Авионот се наоѓа на височина од 10.000 м“. Во вториот случај, вертикалната оддалеченост на телото (да речеме, авион или планински врв се изразува во надморска височина, односно неговата нагорна оддалеченост од морско ниво

Поимот „висина“ се користи и како количинска мерка на каква било величина или износ (на пр. висина на цена).

Во математиката

[уреди | уреди извор]

Во основните модели на просторот, висината претставува димензија, заедно со должината и ширината. Висината е нормална на рамнината на која лежат другите две.

Поимот се користи и во поапстрактни определби. Такви се:

  1. Висината на еден триаголник, која е должината од темето на триаголникот до отсечката што се образува од спротивната страна;
  2. Мерка за кружен отсечок на растојанието од центарот на лакот на отсечокот до центарот на линијата што ги поврзува крајните точки на лакот;
  3. Во теоријата на алгебарските броеви, „висинска функција“ е мерката сврзана со минималниот полином на еден алгебарски број.

Кај човекот

[уреди | уреди извор]

Човечката висина е важен дел од антропометријата. Во рамките на дадено население, висината е генетски предодредена, но разликите меѓу населенијата се должат претежно на животната средина.

ООН ја користи човечката висина како еден од показателите за квалитетот на исхраната и здравствените прилики во земјите во развој.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]