Вилијам Морис Дејвис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вилијам Морис Дејвис
William Morris Davis.jpg
Роден февруари 12, 1850(1850-02-12)
Филаделфија, Пенсилванија, САД
Починал февруари 5, 1934(1934-02-05) (на 83 год.)
Пасадена, Калифорнија, САД
Националност САД
Полиња Географија, Геоморфологија, Геологија, Метеорологија[1]
Познат по циклус на ерозија; често нарекуван „татко на американската геологија

Вилијам Морис Дејвис (12 февруари 1850 - 5 февруари 1934) — американски геолог - пионер во проучувањето на релјефната ерозија и ерозивните циклуси.

Го предвидел циклусот во кој младите релјефи созреваат и стареат, а во секоја етапа имаат својствени релјефни облици. Дејвисовиот модел препознава реки што сечат стрмни долини во облик на латинската буква V, што потоа созреваат и се преобразуваат во широки долини со кривулести реки што се поплавени површини, за на крајот да се преобразат во издолжени „стари“ низински области близу нивото на морето. Во текот на минатите децении се покажало дека реалноста е многу посложена.

Наводи[уреди]

  1. Pruyne, John (2 ноември 1996). „William Morris Davis“. Valparaiso University Department of Geography and Meteorology. http://www.valpo.edu/geomet/histphil/test/davis.html. конс. 18 август 2010. „Davis' contributions cover the separate field of geography, geology, and meteorology.“