Википедија:Уредувачки натпревари/Временски периоди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема
„Временски периоди“

 

од 1 до 30 септември 2018 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Временски периоди“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Временски периоди“.

Натпреварот почнува на 1 септември 2018 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 септември 2018 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат постојни статии за временски периоди, односно години, декади и векови (пр. 1055, 1450-ти, 8 век). Прифатливи се и статии за временски периоди во одделни области, односно уметност, наука, спорт итн. (пр. 1847 во архитектурата, 1878 во музиката, 1928 во шахот), како и списоците на државни водачи по година (пр. Список на државни водачи во 2010 година).

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Македонец (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали[уреди извор]

За уредување на статиите за временски периоди може да се користат соодветните категории на Википедија на англиски јазик, и тоа:

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе подобри „статии за временски периоди во најмногу различни области со најмалку 10 статии по област“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

За да може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има подобрено најмалку 20 статии и истите да бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.077
2 19user99 524
3 Uvtarex 358
4 P.Nedelkovski 192
Награда за најдобра статија
Посебна награда
  • 19user99 со статии во 3 различни области.