Википедија:Почетен курс (Форматирање)
Изглед
(Пренасочено од Википедија:Почетен курс (Обликување на статиите))
Почетен курс | Уредување | Форматирање | Викиврски | Википроекти | Надворешни врски | Разговорни страници | Не заборавајте | Зачленување | Заклучок |
Задебелени и закосени букви
[уреди извор]- Задебелeни букви - задебелениот фонт (болд) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу шест симбола за апостроф (три од едната и три од другата страна на текстот),
'''еве вака'''
.
- Закосени букви - закосениот фонт (италик) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу четири симбола за апостроф (два од едната и два од другата страна на текстот),
''еве вака''
.
Што внесувате | Што добивате |
''закосено'' | закосено |
'''задебелено''' |
задебелено |
'''''закосено и задебелено''''' |
закосено и задебелено |
Преку алатникот
[уреди извор]Полесна варијанта е да го обележите (селектирате) текстот којшто сакате да го задебелите/закосите и да стиснете на за задебелување или на за закосување.
Каде да користите задебелен и закосен текст
[уреди извор]- Статиите секогаш почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:
- Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 – Принстон, 18 април 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масено-енергетска еквиваленција, E = mc2...
- Со закосени букви се обележуваат зборови кои не се напишани на македонски јазик. Исто така се користи кога некој збор или фраза треба јасно да се истакне за да се разликува:
- ...во истата година филмот „Однесено со виорот“ (англиски: Gone With The Wind) бил номиниран за Оскар...
- ...автоматската работа на срцето е способноста тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам.
Разделување на текстот во пасуси (како на пример, овој пасус!)
[уреди извор]Посебните пасуси се добар начин да се подобри организацијата на една статија. Ако здогледате содржина на две различни теми во една статија (на пример, текст кој ја опишува географијата и текст кој ја опишува историјата на некое место), можете да ги разделите преку пасуси.
- Насловите на пасусите се добиваат со вметнување на
==саканиот наслов==
меѓу два симбола за еднаквост (два од едната и два од другата страна), но симболите мора да бидат на почетокот на редот. - Соодветните поднаслови се добиваат со
===три===
или====четири====
симбола за еднаквост.
Што внесувате | Што добивате |
== Наслов == |
Наслов[уреди извор] |
=== Поднаслов === |
Поднаслов[уреди извор] |
==== Поднаслов на поднасловот ==== |
Поднаслов на поднасловот[уреди извор] |
Испробајте го форматирањето во песокот!
Следнo: Додавање на врски до други страници →