Википедија:Климатски промени

Од Википедија — слободната енциклопедија

Климатски промени — уредувачка седмица во организација на заедницата на Википедија на македонски јазик во насока на уредување статии на теми поврзани со климатските промени. Потфатот бил дел од меѓународната иницијатива „Вики за човековите права 2022“. Седмицата се одржала во периодот 4-10 мај 2022 година.

Упатство за учество[уреди извор]

Основни податоци[уреди извор]

  • Почеток: 4 мај 2021 г. во 00:00 (CEST).
  • Крај: 10 мај 2021 г. во 23:59 (CEST).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.

Пријава[уреди извор]

  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2: Додадете го корисничкото име во списокот на учесници и одберете статија од списокот на статии за уредување. Со цел да се спречи истовремено уредување на една статија од повеќе учесници, задолжително додадете ги статиите коишто планирате да ги уредувате во списокот на учесници.
  • Чекор 3: Додека сте најавени, додадете го корисничкото име во списокот на учесници во меѓународната иницијатива и пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на иницијативата. Последното овозможува преглед на сите уредувања направени за време на уредувачката седмица.
  • Чекор 4: Следете ги упатствата на оваа страница за да учествувате во меѓународниот предизвик и да освоите награда и признание.

Придонес[уреди извор]

  • Во описот на секое уредување задолжително требало да се внесе #WikiForHumanRights. (Ова е важно за придонесите во меѓународниот предизвик да бидат пронајдени.)

Друштвени медиуми[уреди извор]

Споделувањето на меѓународната иницијатива на друштвените медиуми било препорачано да се врши со тарабните ознаки #WikiForHumanRights, #Wiki4Climate, #EarthDay и #EarthMonth.

Награди[уреди извор]

Награди им биле доделени на тројцата најплодотворни учесници во облик на вредносни купони за книги или техничка опрема, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 25 статии!

Содржина за уредување статии[уреди извор]

Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е со македонски превод)

Во овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини можело да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрувало дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници било да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).

Материјали за уредување[уреди извор]

Надворешни врски

Списоци на статии за уредување[уреди извор]

Изборот на статии за уредување било препорачано да се врши од предложениот список којшто ги покрива следните теми поврзани со климатските промени:

Дополнително, изборот на статии можел да се врши и од следната предлошка на Википедија на англиски јазик:

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 Тиверополник
  1. Климатско финансирање (Н)
  2. Судски спор за климатски промени (Н)
  3. Климатска криза (Н)
  4. Климатско инженерство (Н)
  5. Заеднички, но диференцирани одговорности (Н)
  6. Образование за климатски промени (Н)
  7. Климатски промени во уметноста (Н)
  8. Климатска белетристика (Н)
  9. Индекс на перформанси за климатски промени (Н)
  10. Климатски договор од Глазгов (Н)
  11. Климатски долг (Н)
  12. Климатски ризик (Н)
  13. Осигурување од климатски ризик (Н)
  14. Енергетски премин (Н)
  15. Климатските промени и сиромаштијата (Н)
  16. Час на Земјата (Н)
  17. Екоанксиозност (Н)
  18. Историска климатологија (Н)
  19. Протокол од Кјото (Н)
  20. Брза климатска промена (Н)
  21. Сателититско мерење на температурата (Н)
  22. Џудит Кари (Н)
  23. Сандрин Бони (Н)
  24. Хелга Вејс (Н)
  25. Паскал Браконо (Н)
  26. Суша (Н)
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Резултати[уреди извор]

Број Корисник Збирен резултат1
1 Тиверополник 897.696

1 Збирниот резултат претставува број на додадени бајти на Википедија преку уредените статии, за што е користена контролната табла на иницијативата на којашто биле пријавени сите учесници.

Надворешни врски[уреди извор]