Википедија:Избрана статија/2024/10

Од Википедија — слободната енциклопедија

Леонард Ојлер (1707 — 1783) — швајцарски математичар и физичар, еден од пронаоѓачите на чистата математика. Не само што открил и докажал важни теореми во предметите како геометрија, калкулус, механика и теоријата на броеви, туку и развил методи за решавање на проблеми во набљудувачката астрономија и демонстрирал практична примена на математиката во технологијата и во секојдневниот живот.

Основите на математиката, Ојлер ги изучил од Јохан Бернули, еден од првите математичари во Европа во тоа време. Ојлер бил близок пријател со неговите синови Даниел и Николас. Во 1727 година се преселил во Петроград каде што се вклучил во Академијата на науки во 1733.

Ојлер се смета за ненадминат математичар на XVIII век и еден од најдобрите на сите времиња. Тој е, исто така, еден од најпродуктивните математичари: неговите собрани дела исполнуваат 60-80 четвороделни тома. Има направено многу важни откритија во различни полиња, како што се: калкулус и графичка теорија. Исто така, тој е творец на најголемиот дел од модерната математичка терминологија и нотација, особено во делот на математичката анализа, како на пример, нотацијата за математичка функција. Исто така, Ојлер е познат и по својата работа во областа на механиката, оптиката и астрономијата. (Дознајте повеќе...)