Википедија:Избрана статија/2020/09

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.

Хебрејски јазик (עִבְרִית) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот. Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах. Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е. Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.

Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха. Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите. Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.

Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Еверите го именуваат јазикот и како „свет јазик“. (Дознајте повеќе...)