Википедија:Избрана статија/2015/37

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Церемонија по повод 20 години од независноста на Република Македонија на 8 сетпември 2011 г. На сликата, Баталјонот за почести на АРМ свечено му предава државотворен документ на претседателот на Собранието на РМ, Трајко Велјановски.

Ден на независноста на Македонијадржавен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ, на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Денот на независноста како државен празник е неработен ден во Македонија. Претседателот и Владата на Македонија организираат разни свечености. Претседателот традиционално го доделува Орденот „8 Септември“. Народот традиционално оди на излети во познатите излетнички места. Македонскиот олимписки комитет организира спортски пикници, а додека Мотоциклистичката федерација на Македонија го организира Меѓународното мото рели „Македонија 2008“ во Скопје. Сите македонски амбасади, конзулати и преставништва приредуваат пригодни коктели и свечености во земјите во кои се наоѓаат. (Дознајте повеќе...)