Википедија:Избрана статија/2014/16

Од Википедија — слободната енциклопедија

Симон де Бовоар (фр. Simone de Beauvoir; Париз, 9 јануари 1908 - Париз, 14 април 1986) — француска писателка и филозоф, автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот.

Автор е на делото „Вториот пол“, 1949 г. Таа била истакнат современ феминистички писател. Нејзиниот главен придонес за феминистичката теорија е аргументот дека во патријархалната култура, мажественоста е поставена како позитивна норма, а женското или женственоста е поставена како негативна, или како она што Де Бовоар го нарекува „Другото”. Таа верува дека Другоста е фундаментална категорија во човековото мислење. Според неа, идентитетот на жената како Друг и нејзиното суштинско отуѓување произлегуваат делумно од нејзиното тело, особено репродуктивниот капацитет, и делумно од историската поделба на трудот диктирана од бременоста и одгледувањето на децата. Де Бовоар тврди дека жените треба да ја зајакнат нивната рационалност и критичка моќ со цел да достигнат трансценденција. (Дознајте повеќе...)