Википедија:Избрана статија/2014/07

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на XXII Зимски олимписки игри

XXII Зимски олимписки игризимска олимпијада што се одржува од 7 до 23 февруари 2014 во Сочи, Русија, додека некои настани ќе се одржуваат во зимското одморалиште Краснаја Полјана. Ќе се одржат 98 настани во 15 зимски спортски дисциплини. Олимписките и Параолимписките игри 2014 се организирани од Организацискиот комитет Сочи. Сочи бил избран како град-домаќин во јули 2007, во текот на 119. заседание на МОК одржано во Гватемала. Олимпијадата во Сочи ќе биде првата Олимпијада во Русија од распадот на СССР, кој бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 во Москва.

Настаните од Зимската олимпијада 2014 ќе се одржуваат на две места во нови објекти; Олимпискиот парк бил изграден во Имерентинска низија на брегот на Црното Море, додека Олимпискиот стадион и другите затворени објекти се наоѓаат во близина, додека настаните на отворено ќе се одржуваат во Краснаја Полјана. Во подготовката за игрите, организаторите се насочиле на осовременување на телекомуникациите, електричната енергија и сообраќајната инфраструктура на областа. Иако првично се планирале 12 милијарди долари, различни фактори предизвикале буџетот да се зголеми на неверојатно 51 милијарда долари, надминувајќи ги проценетите 44 милијарди трошоци на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг како најскапи олимписки игри во историјата. (Дознајте повеќе...)