Википедија:Избрана статија/2012/35

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Flag of al-Qaeda in Iraq.svg

Ал-Каеда (арапски: القاعدة) е глобална воена исламистичка терористичка организација основана од Осама Бин Ладен во периодот помеѓу август 1988 и крајот на 1989 година. Работи како мрежа од мултинационална армија од лица без државјанство и радикалното движење на сунитите за глобален џихад и интерпретација на шеријатот. Прогласена е за „терористичка организација“ од страна на САД, Обединетото Кралство, Советот за безбедност на ОН, Европската Унија, НАТО и многу други држави.

Ал-Каеда нападнала цивилни и воени мети во повеќе земји, како нападите на 11 септември, бомбардирањата на амбасадата на САД во 1998 година и бомбардирањата на Бали во 2002 година. Карактеристичните техники вклучуваат самоубиствени напади и истовремени бомбашки напади на различни цели. Идеолозите на Ал Каеда предвидуваат целосно отфрлање на сите странски влијанија во муслиманските земји и создавање на нов исламски калифат ширум светот.

Организацијата е исто така одговорна за иницирање на секташко насилство меѓу муслиманите. Ал-Каеда не ги толерира гранките на исламот кои не се сунитски, ги прогласува за неверници (текфир) и ги исклучува од заедницата. Лидерите на Ал-Каеда ги сметаат либералните муслимани, Шиитите, Суфитите, Ахмадите и други секти за еретици и имаат извршено напади врз нивните џамии, како и напади за време на нивните собири. Примери за секташки напади се бомбардирањата на верската заедница јазиди, бомбардирањата на градот Садр, масакрот Ашура и бомбардирањата на Багдад во април 2007 година. (Дознајте поеќе...)