Википедија:Запознајте ја Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
GLAM Macedonia
Russia

Запознајте ја Русија е уредувачки едномесечен предизвик за членовите на Вики Клубовите во Република Македонија, што се одржува од 01 февруари 2021 (00:01) до 28 февруари 2021 (23:59). Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија поддржан од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

Цели и правила[уреди извор]

Запознајте ја Русија се одржува со цел да се намали недостатокот на статии со руски теми на Википедија на македонски јазик. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Република Македонија се добредојдени да земат учество.

Нема строги правила освен следниве:

  • Учесникот мора да биде член на некој од Вики Клубовите
  • Статијата создадена или надополнета во овој период мора да биде на руски теми
  • Статијата може да биде нова или надополнета постоечка статија

Најдобрите пет учесници ќе добијат награди и дипломи во текот на месец март, на јавен свечен настан во Скопје. Наградите ги обезбедува Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

Теми[уреди извор]

Како теми за статиите се прифаќаат сите статии од категоријата Русија, со нагласок на историја, географија и култура на Русија.

Учесници[уреди извор]

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Запознајте ја Русија/Учесници

Резултати[уреди извор]

За време на уредувачкиот едномесечен предизвик „Запознајте ја Русија“ беа создадени или подобрени вкупно 625 статии од 20 млади уредувачи.
Според жири комисијата, резултатите се следните:

1. Damjan Kirovski: 827 поени (112 статии)
2. Ina pet: 507 поени (63 статии)
3. Petar Barsa: 486 поени (97 статии)
4. Krstevska123: 229.5 поени (70 статии)
5. MikasaAckerman10: 202 поени (16 статии)


6. Velichovskas: 162.5 поени (23 статии)
7. KiviTiki: 145 поени (16 статии)
8. Kostovska: 142.5 поени (48 статии)
9. Simonka34: 109 поени (8 статии)
10. Vila Rosa: 84 поени (127 статии)
11. Simona Trajkoska: 35.5 поени (14 статии)
12. Rebeka.s.k: 30 поени (3 статии)
13. Ema Trajcevska: 27 поени (2 статии)
14. Gdimovska13: 16 поени (4 статии)
15. Марко К.: 14.5 поени (10 статии)
16. EmiliGj: 11 поени (1 статија)
17. Doni12345: 11 поени (5 статии)
18. Нијасум: 8 поени (1 статија)
19. SirGoldenBlade: 6 поени (4 статии)
20. Анастасија Стојкова: 0.5 поени (1 статија)

Контакт[уреди извор]

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Gordi, Intraterestrian.

Надворешни врски[уреди извор]