Википедија:Викикамп Брајчино 2017/Извештај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петок, 8 септември[уреди извор]

Како збирно место за учесниците бил одреден паркингот пред Пошта 2 во Скопје, од каде што комбето требало да тргне во 8 часот. Откако Кирил и возачот претходно се погрижиле за складирање на сета логистичка поддршка во комбето, веднаш се упатиле кон паркингот за да ги качат останатите учесници, па потоа точно на време се упатиле кон Брајчино. Кратко по поаѓањето била изменета првичната маршрута за патување преку Охрид и било одлучено да се помине низ Кичево и Битола, каде што било предвидено да се качат уште четворица учесници. Со пауза во времетраење од околу дваесетина минути на превојот Стража, две застанувања за качување на тројца учесници во Кичево и еден учесник во Битола, комбето пристигнало во Брајчино некаде околу 13 часот. Откато сите учесници се согласиле, најпрвин било одлучено да се послужи ручекот, а потоа било одредено време за сместување.

Програмските активности во текот на првиот ден започнале некаде околу 15:30 со кратко претставување на сите учесници, по што Тони започнал со предавање на тема „Што е Википедија?“ во насока на запознавање на учесниците со основите на проектот, како се создава корисничка сметка, како се вршат промени, кои кориснички групи постојат, каде се следат скорешните промени итн. Оние учесници кои немале корисничка сметка истата ја создале на крајот од предавањето. Следела работилница на тема „Уредување на Википедија“, во која учесниците биле запознаени со основите на уредувањето преку нагледниот уредник. Како материјал за уредување било искористено делото „Реките во Република Македонија“ од Илија Петрушевски и Благоја Маркоски, при што секој учесник уредувал по една нова статија со помош на знаењето коешто го стекнал за уредувањето. Последната активност во склоп на програмата била играта Викидоџо, во која учесниците уредувале статија за македонската пејачка Ерзана.

Откако програмските активности за првиот ден завршиле некаде околу 18 часот, учесниците се поделиле во неколку групи и се упатиле на прошетка низ селото и до Брајчинскиот манастир. Во 19 часот била послужена вечерата, а првиот ден завршил со забава на плажата Дупени Бич на Преспанското Езеро.

Сабота, 9 септември[уреди извор]

Вториот ден започнал со собирање на учесниците на појадок во 8 часот, по што денот продолжил со истражување во соседното село Љубојно. Учесниците биле поделени во три работни групи, предводени од страна на Тони, Ико и Кирил, и истражувале на темите: архитектура, природа, и храна и археологија. Целта на оваа активност била учесниците да се запознаат со начинот на кој се организираат експедициите, материјалите кои обично се прибираат и фотографиите што се прават. По враќањето во Брајчино и паузата за ручек, активностите продолжиле околу 16 часот со предавање на тема „Ризница“, во кое Тони накратко го објаснил проектот и начинот на кој се подигаат фотографии. Во претстојните неколку часа следувале две работилници, во кои учесниците најпрвин ги подигнале направените фотографии во текот на денот, а потоа истите ги искористиле преку додавање во статии на Википедија.

Работните активности за вториот ден завршиле некаде околу 20 часот, по што била послужена вечерата и денот бил завршен со друштвени игри и музика во живо.

Недела, 10 септември[уреди извор]

Слично како и претходниот ден, последниот трет ден од викикампот започнал со појадок во 8 часот, по што следувале тричасовни истражувачки активности во селото Брајчино и неговата околина. Учесниците повторно биле поделено во три работни групи, предводени од Тони, Ико и Кирил, но овој пат истите биле во различен состав. Првата група се упатила кон селото, втората кон Брајчинскиот Крст, а третата кон црквите Св. Богородица и Св. Илија. Направените фотографии по завршувањето на истражувачките активности биле подигнати на Ризницата и биле додавани во статии на Википедија како и во текот на претходниот ден. Следувала паузата за ручек, а викикампот бил затворен со групна фотографија на учесниците. Комбето тргнало кон Скопје по истата маршрута нешто по 15 часот, при што во селото Љубојно се качиле Стефани и Ико, кои пред тргнувањето се упатиле до фабриката за производство на јаболкови производи Кабис. Со застанувања по пат во Битола и Кичево, кратка пауза на превојот Стража и неколку застанувања во Скопје, комбето пристигнало на паркингот пред Пошта 2 некаде околу 20 часот.