Википедија:Викикамп Брајчино 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Официјално лого на викикампот

Викикамп Брајчино 2017 — викикамп којшто се одржува во селото Брајчино во периодот од 8-10 септември 2017 година. Викикампот имал за цел преку дружба во природа да ги запознае учесниците со уредувањето на Википедија, подигањето фотографии на Заедничката Ризница, проектите коишто се спроведуваат за промовирање на проектите и организирањето на теренски истражување. Учесниците биле одбрана врз основа на покажаниот интерес преку пополнување на образец за учество на викикампот.

Програма[уреди извор]

Петок, 8 септември[уреди извор]

Време Активност
08:00 Поаѓање од Скопје
08:30
09:00
09:30
10:00
10:30
11:00
11:30
12:00
12:30
13:00
13:30 Ручек
14:00
14:30 Сместување
15:00
15:30 Вовед и запознавање
16:00 Што е Википедија?
16:30 Уредување на Википедија
17:00
17:30 Викидоџо
18:00 Прошетка низ Брајчино
18:30
19:00 Вечера
19:30
20:00 Вечерни активности
20:30
21:00
21:30
22:00
22:30
23:00
23:30
00:00

Сабота, 9 септември[уреди извор]

Време Активност
08:00 Појадок
08:30
09:00 Работни групи: Истражување во Љубојно
09:30
10:00
10:30
11:00
11:30
12:00
12:30
13:00
13:30
14:00 Ручек
14:30
15:00
15:30
16:00 Ризница
16:30
17:00 Подигање фотографии на Ризницата
17:30
18:00 Уредувачки маратон
18:30
19:00
19:30
20:00 Вечера
20:30
21:00 Вечерни активности
21:30
22:00
22:30
23:00
23:30
00:00

Недела, 10 септември[уреди извор]

Време Активност
08:00 Појадок
08:30
09:00 Работни групи: Истражување во Брајчино
09:30
10:00
10:30
11:00
11:30
12:00 Подигање фотографии на Ризницата
12:30
13:00 Уредувачки маратон
13:30
14:00 Ручек
14:30
15:00 Затворање на кампот
15:30
16:00 Враќање во Скопје
16:30
17:00
17:30
18:00
18:30
19:00
19:30
20:00


Извештај[уреди извор]

Петок, 8 септември[уреди извор]

Како збирно место за учесниците бил одреден паркингот пред Пошта 2 во Скопје, од каде што комбето требало да тргне во 8 часот. Откако Кирил и возачот претходно се погрижиле за складирање на сета логистичка поддршка во комбето, веднаш се упатиле кон паркингот за да ги качат останатите учесници, па потоа точно на време се упатиле кон Брајчино. Кратко по поаѓањето била изменета првичната маршрута за патување преку Охрид и било одлучено да се помине низ Кичево и Битола, каде што било предвидено да се качат уште четворица учесници. Со пауза во времетраење од околу дваесетина минути на превојот Стража, две застанувања за качување на тројца учесници во Кичево и еден учесник во Битола, комбето пристигнало во Брајчино некаде околу 13 часот. Откато сите учесници се согласиле, најпрвин било одлучено да се послужи ручекот, а потоа било одредено време за сместување.

Програмските активности во текот на првиот ден започнале некаде околу 15:30 со кратко претставување на сите учесници, по што Тони започнал со предавање на тема „Што е Википедија?“ во насока на запознавање на учесниците со основите на проектот, како се создава корисничка сметка, како се вршат промени, кои кориснички групи постојат, каде се следат скорешните промени итн. Оние учесници кои немале корисничка сметка истата ја создале на крајот од предавањето. Следела работилница на тема „Уредување на Википедија“, во која учесниците биле запознаени со основите на уредувањето преку нагледниот уредник. Како материјал за уредување било искористено делото „Реките во Република Македонија“ од Илија Петрушевски и Благоја Маркоски, при што секој учесник уредувал по една нова статија со помош на знаењето коешто го стекнал за уредувањето. Последната активност во склоп на програмата била играта Викидоџо, во која учесниците уредувале статија за македонската пејачка Ерзана.

Откако програмските активности за првиот ден завршиле некаде околу 18 часот, учесниците се поделиле во неколку групи и се упатиле на прошетка низ селото и до Брајчинскиот манастир. Во 19 часот била послужена вечерата, а првиот ден завршил со забава на плажата Дупени Бич на Преспанското Езеро.

Сабота, 9 септември[уреди извор]

Вториот ден започнал со собирање на учесниците на појадок во 8 часот, по што денот продолжил со истражување во соседното село Љубојно. Учесниците биле поделени во три работни групи, предводени од страна на Тони, Ико и Кирил, и истражувале на темите: архитектура, природа, и храна и археологија. Целта на оваа активност била учесниците да се запознаат со начинот на кој се организираат експедициите, материјалите кои обично се прибираат и фотографиите што се прават. По враќањето во Брајчино и паузата за ручек, активностите продолжиле околу 16 часот со предавање на тема „Ризница“, во кое Тони накратко го објаснил проектот и начинот на кој се подигаат фотографии. Во претстојните неколку часа следувале две работилници, во кои учесниците најпрвин ги подигнале направените фотографии во текот на денот, а потоа истите ги искористиле преку додавање во статии на Википедија.

Работните активности за вториот ден завршиле некаде околу 20 часот, по што била послужена вечерата и денот бил завршен со друштвени игри и музика во живо.

Недела, 10 септември[уреди извор]

Слично како и претходниот ден, последниот трет ден од викикампот започнал со појадок во 8 часот, по што следувале тричасовни истражувачки активности во селото Брајчино и неговата околина. Учесниците повторно биле поделено во три работни групи, предводени од Тони, Ико и Кирил, но овој пат истите биле во различен состав. Првата група се упатила кон селото, втората кон Брајчинскиот Крст, а третата кон црквите Св. Богородица и Св. Илија. Направените фотографии по завршувањето на истражувачките активности биле подигнати на Ризницата и биле додавани во статии на Википедија како и во текот на претходниот ден. Следувала паузата за ручек, а викикампот бил затворен со групна фотографија на учесниците. Комбето тргнало кон Скопје по истата маршрута нешто по 15 часот, при што во селото Љубојно се качиле Стефани и Ико, кои пред тргнувањето се упатиле до фабриката за производство на јаболкови производи Кабис. Со застанувања по пат во Битола и Кичево, кратка пауза на превојот Стража и неколку застанувања во Скопје, комбето пристигнало на паркингот пред Пошта 2 некаде околу 20 часот.


Учесници[уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен список на учесниците на викикампот заедно со нивниот придонес.

Бр. Учесник Придонеси
Статии Фотографии
1 Kiril Simeonovski (В) 11
2 Ehrlich91 (В) 37
3 Fikowski3000 19
4 Phoenixlecters 3
5 Durgutov
6 Николовска.С 12
7 Гитаристот 14
8 KolevskA 8
9 Velbam 15
10 Maria.maria.maria 4
11 Наташа Величковска 23
12 Baggins1990
13 Nikodinovska 4
14 Frosina.Stojanovska
15 Firnein 23
16 Сезнајко (В)
17 Chameleon021
Викидоџо (од корисничката сметка на Ehrlich91)
  • (В) — водач на работна група
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија


Статистика[уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на остварените мерки на успешност од кампот.

Мерка Опис Резултат
Создадени статии вкупен број на создадени статии на Википедија 21
Подобрени статии вкупен број на подобрени постоечки статии на Википедија 23
Подигнати фотографии вкупен број на подигнати фотографии на Ризницата 173
Вклученост на заедницата вкупен број на различни учесници на кампот 17


Надворешни врски[уреди извор]

Фотографии од викикампот[уреди извор]

Медиумски објави[уреди извор]