Ерзана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ерзана Бериша Превала
Занимање пејачка


Ерзана Превала (моминско презиме Бериша; Скопје, 11 март 1978) — македонска поп-пејачка којашто е препознатлива по нејзиниот хит Ноќна Кралица со којшто настапила на Макфест во 1998 година и ја освоила наградата за најдобра интерпретација.[1] Таа е мајка на нејзиниот 12 годишен син Дориан. Живее во Хартфорд, Конетикат, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала. Некогаш беше добро позната албанска пејачка, но пееше на македонски, ќерка на пејачката Агрон Бериша, Ерзана Бериша, настапуваше на повеќе македонски фестивали во минатото, од кои произлегоа нејзините хитови. Исто така и нејзиниот брат Линдон Бериша е музичар кој е до ден денес активен. Нејзиниот единствен албум т.н. „Без зборови“ важеше за еден од најпродаваните во времето кога беше актуелна. Ерзана како женски изведувач направи многу за забавната музика. Ако Врчак го сметаме за машки изведувач кој внесе промени во креирањето на забавната музика, тогаш Ерзана тоа го стори од женска страна. Нејзиниот албум претставуваше нешто многу и дотогаш нечуено на овие простори. Таа беше една од првите македонски пејачки која направи соработка со странски рапер кој пее на англиски јазик - во големиот хит Колекционер.


  1. „Празнична листа со македонска музика од Елена Романова“. NEA.mk. 2020-10-11. Посетено на 2020-10-11.