Вештачки радиоизотоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вештачки радиоизотопрадиоизотоп кој не се среќава во природата: не постојат природни механизми кои го произведуваат, или истиот е толку неустојчив што се распаѓа за многу кратко време. Такви примери се технициумот-95 и прометиумот-146. Многу од нив се собираат од строеви за нуклеарно гориво. Некои се добиваат само во забрзувачи на честички.

Добивање[уреди | уреди извор]

Извесни вештачки радиоизотопи се вадат од истрошени прачки во нуклеарен реактор, кои содржат разни производи од фисија. На пример, се проценува дека до 1994 г. се произведени околу 49.000 TBq (78 тони) технициум присутни во нукеларни реактори — во огромна мера најголем извор на земски технициум.[1] Меѓутоа, само мал дел од произведеното наоѓа стопанска употреба. Други вештачки изотопи значителни количества се добиваат по пат на фисија, но сè уште не се извадени. Трети пак, се добиваат со неутронско озрачување на матични изотопи во нуклеарен реактор (на пр. Tc-97 се добива со неутронско озрачување на Ru-96) или пак со бомбардирање на матичните изотопи со високоенергиски ечстички од забрзувач.[2]

Употреба[уреди | уреди извор]

Највеќето вештачки радиоизотопи се крајно радиоактивни и имаат кус полураспад. Иако не се безопасни, радиоактивните материјали наоѓаат широка примена во здравството и индустријата.

Нуклеарна медицина[уреди | уреди извор]

Општото поле на нуклеарната медицина се занимава со примената на радиоизотопи во лекувањето.

Дијагностика[уреди | уреди извор]

Функционирањето на разни органи во телото може да се следи со радиоактивни трагачки соединенија, каде трагачот се привлекува или згуснува со дејството што се проучува. Трагачот содржи краткотраен радиоактивен изотоп (обично кој дава гама-зрак) со доволно енергија за да се движи низ телото и да биде видлив со гама-камера која потоа ги прикажува згуснатостите. Поради делотворноста на ваквите направи, потребни се многу мали дози на радиоактивен материја.

Метаустојчивиот нукеларен изомер Tc-99m е гама-оддавач со широка примена во дијагностиката поради краткиот полураспад од 6 часа, кој лесно се добива во болниците користејќи т.н. „технициумска крава“.

Лекување[уреди | уреди извор]

Радиоактивните препарати се соединенија кои радиоизотоп за лекување, обично со негово големо згуснување близу дадениот орган. Таков пример е јодот-131, со кој се лечат извесни заболувања и тумори на штитната жлезда.

Индустриски извори на зрачење[уреди | уреди извор]

Индустриски полезни се зрачењата на алфа-, бета- и гама-честичките. Изворите на ова зрачење се вештачки радиоизотопи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Topics in current chemistry, vol 176, "Technetium in the environment"
  2. Brookhaven National Laboratory, Medical Department, "Radioisotope Production."

Надворешни врски[уреди | уреди извор]