Вестфол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грбот на округот Вестфол
Местоположбата на округот во Норвешка

Вестфол (норвешки: Vestfold) е округ во јужниот дел на Норвешка. Административен центар е Тенсберг, најстариот град во Норвешка. Бројот на жителите во Вестфол според пописот од 2013 година изнесува 239.907 а површината 2.224 км². Вестфол е најмалиот округ во Норвешка.

Вестфол се наоѓа на источната страна на Осло-фјордот и од таму му потекнува името. Округот вклучува бројни мали, но познати градови во Норвешка, како Ларвик, Сандефјорд, Тенсберг и Хортен.

Вестфол е традиционално познат за морепловство и едрење.

Вестфол е единствениот округ каде што букмол се користи во сите општини како единствената официјалната форма на пишаниот норвешки јазик.

Вестфол ќе се обедини со соседниот Телемарк округ на 1 јануари 2020 година. Новото име на округот ќе биде Вестфол и Телемарк.

Грбот потекнува од 1970 година и има златна средновековна круна од династијата Инглинг.