Веројатен случај (филм од 1987)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Веројатен случај (полски: Przypadek) - полски филм од 1987 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Богуслав Линда, Тадеуш Ломницки, Збигњев Запасјевич, Богуслава Павелец, Маржена Трибала, Јацек Борковски, Зигмунт Хибнер, Моника Годжик, Јежи Стур итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во 1981 година и обработува три можни варијанти на животот на младиот студент Витек (го игра Линда). Тој е студент по медицина, а по смртта на татко му прави пауза во студиите и трча да го фати возот за Варшава. Во првата варијанта, тој го фаќа возот во последен момент, а потоа во Варшава ја среќава својата прва љубов Чушка (ја игра Павелец), која е член на илегалната организација која дејствува против власта. Витек станува член на комунистичката партија, но еден ден полицијата ја апси Чушка, а таа мисли дека Витек е вмешан во тоа. Во втората варијанта, тој не успева да се качи на возот и притоа се тепа со железничарите, по што е уапсен и осуден на условна казна. Тој се запознава со млади луѓе кои се членови на илегалната организација што печати списанија и книги и активно се вклучува во движењето против комунистичката власт. Исто така, тој станува католик и почнува да верува во бога. Витек ја запознава Верка (ја игра Трибала) и меѓу нив почнува љубов, но нивната врска не успева. Во третата варијанта, Витек не го фаќа возот, но на станицата го чека студентката Олга (ја игра Гождик). Така, тој се враќа да ги продолжи студиите, се жени со Олга и станува асистент на факултетот, а во политичкиот живот е неутрален. Еден ден, деканот го замолува да оди во Либија, но веднаш по полетувањето авионот експлодира.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]