Ванчо Китанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ванчо Китанов
Роден 1923
Пехчево, Кралство Југославија
Починал 21 мај 1943
Виничко, Македонија
Националност Македонец
Занимање партизан

Ванчо Китанов (роден во 1923 година во Пехчево - починал на 21 мај 1943 година во месноста Врши Дол, Виничко) — македонски партизан, првоборец од НОБ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ванчо Китанов како ученик во Струмичката гимназија станал член на СКОЈ (1941), а наскоро потоа и член на КПЈ. Бил борец на Првиот плачковички НОПО, а при неговото разбивање од бугарската војска и полиција успеал да ја пробие блокадата (18. Ⅻ 1942) и се илегализирал. Во отсуство бил осуден на 15 години затвор. Подоцна станал борец на Штипскиот НОПО „Гоце Делчев” и загинал во борба со бугарската војска и полиција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Китанов“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 694. (2009). Скопје: МАНУ.