СУ „Јане Сандански“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
"Јане Сандански"
Лого на СОУ „Јане Сандански“ - Струмица.png
Место
Општина: Струмица
Место: Струмица
Адреса: „Моша Пијаде“ бр. 2
Основни информации
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал www.jsandanski-strumica.edu.mk

Средното училиште "Јане Сандански" се наоѓа во Струмица, општина - Струмица.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Во ноември 1944 година, со одлуката на АСНОМ било решено да се отворат гимназии во сите поголеми градови во Македонија, меѓу кои и Струмица. Таа одлука е реализирана на 5 февруари 1945 година. Во првите учебни години работата се одвивала во многу тешки услови. Гимназијата работела во зградата во која денес се наоѓа Заводот за заштита на спомениците и културата и Историскиот архив, а учениците морале сами да си обезбедат столови и клупи.

Со зголемувањето на бројот на ученици, Гимназијата започнала да работи во зградата во која денес се наоѓа ОУ ”Маршал Тито”.

Објектот во кој денеска се наоѓа средното училиште во Струмица бил изграден во 1947 година. Во образовните рамики на училиштето, во почетокот имало само гимназиски паралелки, а во учебната 1955/1956 година за прв пат во училиштето биле отворени паралелки за економска струка.

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ се наоѓа на улица „Моша Пијаде“ бр. 2 во центарот на градот Струмица. Објектот се простира на вкупна површина во делот под згради 4020 m2. Училиштето располага со дворна површина од 11 196 m2. Освен тоа, , училиштето располага со отворени игралишта за одбојка, мал фудбал и кошарка, кои опфаќаат површина од 1282 m2[1].

СУ „Јане Сандански“ - Струмица
СУ „Јане Сандански“ - Струмица
СУ „Јане Сандански“ - Струмица

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Младинска канцеларија[уреди | уреди извор]

Младинската Канцеларија при СОУ “Јане Сандански” ги бележи своите почетоци во 2005 година и оттогаш па наваму крои голем број успеси и реализирани проекти. Во 2005та година училиштето беше одбрано меѓу малкуте средни училишта ширум Македонија, за да во него се отвори Младинската Канцеларија формирана од Агенцијата за млади и спорт. За таа цел беа обучени ученици кои го презедоа водството на Младинската Канцеларија заедно со професорката Цонева Зуле. Водечка улога имаат учениците од IV година кои воедно се и тим- лидери, но тука се и сите останати ученици кои се креативни желни за работа. На почетокот на годината се изготвува годишна програма за работа, која се следи во текот на учебната година. Првиот претседател на младинската канцеларија е Владимир Ристов(2008-2009) кој ги постави темелите за понатамошното работење. Ристов заедно со екипата на неколку тим-лидери од таа генерација поставија многу високи стандарди.

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Библиотека[уреди | уреди извор]

Се состои од 26.040 книги - белетристика и 2.871 - списанија.Библиотеката при СОУ "Јане Сандански" е опремена и со стручна литература за потребите на учениците и наставничкиот персонал.

Кодекс на однесување[уреди | уреди извор]

Кодекс на однесување на ученикот:

  • Воспитувањето и образованието да му представува највисок императив во неговото однесување.
  • Да ја чува честа и благородната традиција на ликот на ученикот.
  • Постојано да се ангажира во постигнувањето на резултатите во наставата.
  • Да ги почитува законските одредби и одлуките на училиштето.
  • Да внимава на начинот на комуникација со наставниците и учениците.
  • Да не користи мобилен телефон за време на настава и да ги чува компјутерите.
  • Да не пуши во просториите на училиштето и училишниот двор.
  • Задолжително да носи работна облека.

Проектни активности[уреди | уреди извор]

Проектните активности се дополнителен ангажман со кои секој ученик кој учи во Јане Сандански се здобива.Постојат повеќе проектни активност и секој ученик има за право да одбере две кои ќе бидат реализирани во текот на учебната година. Ученикот е обврзан да ги следи часовите кој се оддржувани од професорот и да биде присутен на состаноците со истиот.Професорот пак има за цел да му помогне на ученикот со совладувањето на материјата која е зададена за оваа проектна активност. За крај,ученикот мора да изготви проект на зададена тема од професорот кој ќе биде предаден и оценет од страна на професорот. Ако ученикот не изготви и предаде проект до крајот на учебната година,истиот нема да може да го добие своето свидетелство.

Листа на проектни активности:[уреди | уреди извор]

  • За гимназиско образование:
    • Самозаштита и спасување
    • Мир,толеранција и заштита
    • Урбана култура
    • Хор
    • Оркестар
    • Љубители на музиката
    • Литературен клуб
    • Драмска секција
    • Новинарски клуб
    • Физика
    • Хемија
    • Биологија
    • Географија
    • Информатика
    • Фитнес
    • Аеробик
    • Пинг понг
  • За Економско образование:
    • Претприемништво и бизнис
    • Подготовка за вработување и работа
    • Мир,толеранција и заштита
    • Култура на здраво живеење


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]