Валериј Герасимов
Валериј Герасимов Вале́рий Васи́льевич Гера́симов | |
---|---|
Држава | СССР Русија |
Род | Вооружени сили на Русија |
Служба | 1977 — |
Чин | генерал на армијата[1] |
Одликувања |
Валериј Василјевич Герасимов (руски: Вале́рий Васи́льевич Гера́симов; р. 8 септември 1955) — руски генерал и тековен Началник на генералштабот на Вооружените сили на Русија и Прв заменик-министер за одбрана, назначен од претседателот Владимир Путин на 9 ноември 2012 г.[2][3][4] Во 2013 г. се стекнал со највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата, а во 2016 г. е прогласен за Херој на Руската Федерација.
Според некои западни стручњаци, тој е авторот на таканаречената „Герасимова доктрина“ која е тековна во Русија, која претставува спој од разни приоди: воен, технолошки, информациски, дипломатски, економски, културен под контрола на руската држава за да се постигнат стратешки цели при споредбено ниски трошоци.[5]
Образование
[уреди | уреди извор]Герасимов е роден во Казањ, Татарстан. Го завршил Казањското суворовско воено улилиште (1971-1973), а потоа и Казањското вишо тенковско командно училиште наречено во чест на Президиумот на Татарската АССР (1973-1977). Потоа стапил во Воената академија за оклопни војски „Р.Ј. Малиновски“ (1984-1987), па на крај станал питомец на Воената академија на Генералштабот на РФ (1995-1997).[4]
Чинови и должности
[уреди | уреди извор]По завршувањето на Казањското вишо тенковско командно училиште, Герасимов заповедал со вод, чета и баталјон во Далекуисточниот воен округ. Подоцна е назначен за началник на штабот на тенковски полк, а потоа и на моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ.[4] Од 1993 до 1995 г. заповедал со 144-тата гвардејска моторизирана стрелечка дивизија во Балтичкиот воен округ, а потоа со Северозападната група на вооружените сили.[4][6]
По завршувањето на генералштапската академија станал прв заменик на Главниот командант на Московскиот воен округ и заповедник на 58-мата армија во Севернокавкаскиот воен округ за време на Втората чеченска војна.[4] Неговото залагање за апсењето на офицерот Јуриј Буданов било пофалено од критичната новинарка Ана Политковскаја.[3][4]
Во 2006 г. Герасимов станал заповедник на Ленинградскиот воен округ, а во 2009 г. е префрлен да заповеда со Московскиот воен округ. Со военотериторијалната реформа, во април 2012 г. застанал на чело на Централниот воен округ. На 23 декември 2010 г. станал Заменик-началник на Генералштабот.[4]
Ја предводел Парадата на победата на четири наврати, од 2009 до 2012 г.[3]
Началништво на генералштабот
[уреди | уреди извор]Герасимов станал Началник на Генералштабот со смената на Анатолиј Сердјуков од функцијата Министер за одбрана и назначувањето на Сергеј Шојгу на 6 ноември 2012 г.[7], како замена за дотогашниот началник Ген. Николај Макаров поради неговата блискост со Сердјуков. На истиот наврат е сменет и Александар Сухоруков од функцијата Прв заменик-министер за одбрана и на негово место е поставен генералот-полковник Аркадиј Бахин, поранешен заповедник на Западениот воен округ, а за друг помошник е назначен и заповедникот на Воздушно-вселенската одбранбена, генерал-полковник Олег Остапенко. Во 2013 г. Герасимов го добил највисокиот чин во руската војска — Генерал на армијата.[2][7][8][9][10] На 15 септември 2016 г. приредил средби со неговиот турски колега, Ген. Јулуси Акар во главниот штаб во Анкара, што се смета за ново поглавје на руско-турската воена соработка.
Санкционирање од ЕУ
[уреди | уреди извор]Во април 2014 г. Герасимов станал жртва на политичка агресија од страна на Европската Унија кога е ставен на списокот на санкционирани лица поради наводните „дејства за поткопување или загрозување на територијалнаиот интегритет, суверенитет и независност на Украина“.[11]
Одликувања
[уреди | уреди извор] Орден за воени заслуги
Орден за заслуги пред татковината (IV степен)
Орден за заслуги пред татковината во Вооружените сили на СССР (III степен).[4]
Медал за воени заслуги
Јубилеен медал „60 години Вооружени сили на СССР“
Јубилеен медал „70 години Вооружени сили на СССР“
Медал за војничка доблест (I степен)
Медал „За зајакнување на бојното другарство“
Медал „200 години Министерство за одбрана“
Медал за 20 години беспрекорна служба
Медал за 15 години беспрекорна служба
Медал за 10 години беспрекорна служба
Орден за пријателство меѓу народите
Личен живот
[уреди | уреди извор]Герасимов е оженет и има еден син.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Presidential Decree of 20 February 2013 No. 151 "On conferring military rank of senior officers of the armed forces“ Указ Президента Российской Федерации от 20 февраля 2013 года № 151 "О присвоении воинских званий высших офицеров военнослужащим Вооруженных Сил Российской Федерации". Kremlin.ru. 21 February 2013. Посетено на 24 February 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „New appointments at Defence Ministry“. Kremlin.ru. Посетено на 9 November 2012.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Profile: Russia's new military chief Valery Gerasimov“. BBC News. Посетено на 9 November 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 „Valeriy Gerasimov“. Russian Ministry of Defence. Посетено на 9 November 2012.
- ↑ Putin's real long game - POLITICO
- ↑ http://smolensk-i.ru/authority/komandir-smolenskoy-divizii-vozglavil-genshtab-armii-rossii_9527
- ↑ 7,0 7,1 „Big army reshuffle: Head of the General Staff replaced“. RT. Посетено на 11 November 2012.
- ↑ Gorenburg, Dmitry. „The firing of Anatoly Serdyukov“. Russian Military Reform. Посетено на 11 November 2012.
- ↑ „Personnel changes at Defence Ministry“. Kremlin.ru. Посетено на 11 November 2012.
- ↑ „Putin Appoints New Chief of General Staff“. RIA Novosti. Посетено на 11 November 2012.
- ↑ COUNCIL IMPLEMENTING REGULATION (EU) No 433/2014 of 28 April 2014 implementing Regulation (EU) No 269/2014 concerning restrictive measures in respect of actions undermining or threatening the territorial integrity, sovereignty and independence of Ukraine
- ↑ „Валерий Васильевич Герасимов“. Gazeta.ru. Посетено на 11 November 2012.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Валериј Герасимов“ на Ризницата ? |
Антон Бочаров. „Валериј Герасимов“. Херои на земјата. Посетено на 2016-05-08. (руски)
Воени функции | ||
---|---|---|
Претходник Николај Макаров |
Началник на ГШ на Вооружените сили на Русија 2012- |
Наследник нема |