Бум (филм од 1963)
Изглед
„Бум“ (италијански: Il Boom) е италијански филм од 1963 година, во режија на Виторио де Сика (Vittorio De Sica). Сценариото е дело на Чезаре Ѕаватини (Cesare Zavattini). Главните улоги ги толкуваат: Алберто Сорди (Alberto Sordi), Џана Марија Канале (Gianna Maria Canale) и Елена Николаи (Elena Nicolai).[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Џовани живее далеку над своите можности, принуден да ги задоволи материјалните потреби на сопругата. Таа, пак, интензивно ги задоволува своите сексуални нагони. Поради тоа, Џовани се наоѓа на работ на банкрот и, очаен поради мислата дека ќе го напушти жената, размислува на самоубиство. Тогаш, една кратка вест му дава надеж: еден богат човек нуди голем износ пари за оној што ќе му го донира окото...