Брзи и бесни 5: Кражба во Рио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филмскиот плакат

Брзи и бесни 5: Кражба во Рио, познато и како Брзи и бесни 5 — американски акционен филм од 2011 година напишан од Крис Морган и режиран од Џастин Лин. Тоа е петтото продолжение на серијата филмови Брзите и Бесните. За првпат бил прикажан во Австралија на 20 април 2011 година, а потоа во Соединетите Американски Држави на 29 Април 2011. Во Fast Five глумат Доменик Торето (Вин Дизел), Брајан О Конор (Пол Вокер) и Миа Торето (Џордана Брустер) кои планираат да ограбат 100 милиони долари од корумпираниот стопанственик Ернан Рејес (Хоакин де Алмеида) кој е гонет да биде уаспен од агентот Лук Хобс (Дјун Џонсон) од американската дипломатска служба за безбедност.

За време на снимњето на Fast Five, Universal Studios внимателно ја промени темата од претходните серијали со уличното тркање во акција за кражба вклучувајќи и коли. Правејќи го тоа, тие се надеваа дека ќе придобијат поголем круг на гледачи отколку да се задржат само на колите. Fast Five се смета за преоден дел од серијалот, вклучувајќи само една трка со коли и обрнување повеќе внимание на деловите каде што има акција како пукања и кражба од 100 илјади долари. Продукцијата прикажува сеопфатна маркетинг кампања, промовирајќи го филмот преку друштвените медиуми, виртуелни игри, кино салите, производителите на автомобили и NESCAR трките.

Fast Five постигнува финансиски успех рушејќи ги рекордите за најголемо глобално викенд отворање во април и второстепено викенд отворање во пролет и надминувајќи го Fast & Furious (2009) да стане најголем глобален филм во франшизата. Fast Five има заработка од 625 милиони долари во светот, правејќи го 66-ти на листата за најдобри филмови на сите времинња и седми најдобар филм за 2011.

Филмот доби пофални коментари, на кои им се допагаше комбинацијата од акциони секвенци кои се наспроти законите на физиката, некои од нив и го прават филмот најдобар од серијалот. Џонсон беше издвоен за неговиот настап, критичарите нарекувајќи го до сега најдоброто нешто во Fast Five и забележувајќи дека сцените објавени од Џонсон и Дизел беа најчесто најдобрите моменти. И покрај позитивниот одговор, многу коменари беа критични за времетраењето на филмот, сметајќи дека е многу долг, а други критикувајќи го односот со жените, тврдејќи дека”на жените им се цени само задницата. А дуги всушност имаат и имиња”. Јужно Африканските рецезенти беа критични за претставувањето во филмот на Рио де Жанеиро како рај за шверц на дрога и корупција, етикетирајќи го како “стереотип”. Продолжението на филмот започна во јули 2012 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Кога Доменик “Дом” Торето го префрлаат со автобус во затворот Ломпос, неговата сестра Миа Торето и неговиот другар Брајан О Конор, извршуваат напад врз автобусот, предизвикувачи да се преврти и да го ослободат Дом. Додека властите трагаат по нив, триото бега во Рио де Жанеиро. Чекајќи го пристигнувањето на Дом, Миа и Брајан му се придружуваат на нивниот пријател Винс и други учесници во работата за да украдат три коли од еден воз. Брајан и Миа дознаваат дека агентите од Американската Агенција за сузбивање на криминал со дрога се исто така во возот и дека колите се запленети. Кога Дом пристигнува со другите учесници, тој сфаќа дека еден од нив, Зизи, го интересира кражбата само за една кола, Форд ГТ40. Дом и кажува на Миа да ја земе колата, пред тој и Брајан да се борат со Зизи и неговиот приврзаник, каде што Зизи ги убива агентите од ДЕА задолжени за возилата. Дом и Брајан ги фаќаат и ги носат кај шефот на криминалот Ернан Рејес, сопственик на колите и шеф на Зизи. Рејес наредува да ги испрашуваат и двајцата за да ја дознаат локацијата на колите, но двајцата успеваат да избегаат и да се вратат во нивното засолниште. Додека Брајан, Дом и Миа ја испитуваат колата за да ја дознаат нејзината важност, доаѓа Винс кој е фатен како пробува да го извади компјутерскиот чип од неа. Признава дека планирал да му го продаде чипот на Рејес и тогаш Дом му наредува да си замине. Брајан го испитува чипот и открива дека содржи детали од криминалната империја на Рејес, вклучувајќи ги и локациите на 100 милиони американски долари во кеш. Следејќи го убиството на агентите на ДЕА во возот, по вина на Дом и неговиот тим, агентот од агенцијата за одбрана и обезбедување Лук Хобс и неговиот тим пристигнуваат во Рио да ги уапсат Дом и Брајан. Со помош на локалниот офицер Елена Невес, тие пристигнуваат во засолништето на Дом, но го наоѓаат нападнат од луѓето на Рејес. Брајан, Дом и Миа бегаат и Дом предлага да се радела и да го напуштат Рио, но тогаш Миа им кажува дека очекува дете од Брајан. Дом се согласува да останат заедно и предлага да му ги украдат парите на Рејес за да започнат нов живот. Триото организира тим за да ја извршат кражбата, собирајќи ги Хан Соел-Ох, Роман Пирс, Теј Паркер, Жизел Јашар, Лео и Сантос. Винс подоцна му се придружува на тимот откако ќе ја спаси Миа од луѓето на Рејес, добивајќи ја повторно довербата на Дом. Хобс и неговиот тим на крајот ги наоѓаат и уапсуваат Дом, Миа, Брајан и Винс. Додека ги пренесуваат до аеродромот за да ги префрлат во Америка, конвојот е нападнат од луѓето на Рејес кои го убиваат тимот на Хобс. Хобс и Елена се спасени од Дом, Брајан, Миа и Винс кои заедно се борат против луѓето на Рејес кои на крајот бегаат, но Винс е ранет и потоа умира. Сакајќи да се одмаздат за нивниот тим, Хобс и Елена се согласуваат да помогнат во кражбата. Бандата провалува во полициската станица каде што се чуваат парите на Рејес и го влечат сефот од зградата со помош на нивните коли, влечејќи го низ градот додека полицијата ги брка. Мислејќи дека нема да можат да и побегнат на полицијата, Дом го тера Брајан да продолжи без него додека тој ја напаѓа полицијата и Рејес, користејќи го сефот заврзан за неговата кола за да ги згмечи нивните возила. Брајан се враќа и го убива Зизи, додека Рејес е тешко повреден од нападот на Дом. Хобс пристигнува на местото и го убива Рејес. Хобс одбива да го ослободи Дом и Брајан, но и покрај волјата да ги уапси, се согласува да им даде 24 часа од моментот за да избегаат. Бандата си ги дели парите на Рејес, оставајќи го делот на Винс на неговото семејство, пред секој член да отиде на своја страна. На плажа, Брајан и Миа, на која веќе и се приметува стомакот, ужуваат. Брајан го предизвикува Дом на финале, не ризична трка за да се докаже кој е подобар возач. Во последната сцена, Моника Фуентес му дава папка во врска со фиднапирање на воен конвој во Берлин. Во папката Хобс гледа најнова фотографија од поранешната девојка на Дом, Лети Ортиз за која се претпоставува дека е мртва.

Улоги[уреди | уреди извор]

A Професионален криминалец, уличен тркач и бегалец. Дизел бил платен 15 милиони долари за да глуми во филмот
A Поранешен ФБИ агент кој подоцна станува криминалец. Тој е во врска со Миа Торето. Вокер направи многу вештини во филмот, тренирајќи со паркур професионалецот Пол Дарнел за да ги подобри своите движења.
A Сестра на Доменик и девојка на Брајан О Конор
A Другар на Брајан О Конор од детството. Неговата улога беше потврдена на 30 јуни 2010 година. Гибсон беше зафатен со Transformers: Dark of the Moon во времето кога потпиша за Fast Five. Беше принуден да лета помеѓу Порторико и Атланта за да глуми во двата филма.
A Пријател на Брајан и Роман од Мајами. Лудакрис ја потврди својата улога на 12 јули 2010 година, кога изјави дека дошол во Порторико да започне со снимање, продолжувајќи со улогата од 2 Fast 2 Furious.
A Пријател на Доменик од детството. Шулц се појавува во првиот филм, а потврдува дека ќе се врати на 16 Јули 2010.
A Уличен тркач и бизнис партнер на Доменик во Домениканската Република. И на него исто така му е понудено да се врати во филмот, при пто потврдува на 13 Јули 2010, снимајќи го овој филм како пподолжение на Tokyo Drift.
A Агент во агенцијата за безбедност. Според продуцентот Вин Дизел, улогата на Хобс првично ја замислувал со Томи Ли Џонс. Сепак, кога ги читал коментарите на својата фејсбук страна, Дизел забележал дека еден од обожавателите изразил желба да ги види Дизел и Џонсон во заеднички филм. Дизел и Лин тогаш ја средуваат улогата за Џонсон. Џонсон сакал да работи за Universal Studios, давајќи му ја нивната поддршка за време на неговата преобразба од борење во глумење. Тој ја опишува улогата како поранешен ловец на награди кој станал Американски Маршал и како најдобра варијанта за ловец на награди на планетата. Тој почнува со активна работа секојдневно за да ги подобри своите физички способности, сакајќи својот карактер навистина да наликува на “ловец” и да биде доволно застрашувачи за да претставува закана за другите ликови.
A Поранешен агент на Мосад и љубовен интерес на Хан. Иако Гадот има претходно искуство со моторите, беше потребно да научи да вози со поголеиот и помоќен Ducati Streetfighter за потребите на филмот.
A Бездушен крал на дрогата претставувајќи се како легитимен стопанственик. Алмеида потврди дека ќе глуми во улога на Ернан Рејен на 16 Јули 2010. Глумејќи во неколку антагонистички улоги, тој одбива да ја прифати оваа улога, но подоцна ја прифаѓа откако збори со Лин и слушајќи за неговата улога.
A Полициски службеник во Рио која работи со тимот на Хобс и станува љубовен интерес на Доменик. Нејзината улога ја потврдува на 16 Јули 2010. Таа оди неколку денови на тренинг со советник за воени техники и учи како да ракува со нејзиниот пиштол во различни ситуации за улогата на Елена да изгледа реално.

Споредните улоги ги сочинуваат пејачи од Порторико како Тего Калдерон и Дон Омар како Лео и Сантос соодветно, членовите од тимот за кражбата. Михаел Ирбу ја има улогата на десна рака на Рејес, Зизи. Алими Баљард, Фернандо Чиен, Јорго Константин и Геоф Меди го глумат тимот на Хобс како Фуско, Вилкес, Чато и Макрои. Мишел Родригес се појавува на фотографии како Лети Ортиз, поранешна девојка на Доменик, за која се смета дека е мртва уште во Fast & Furious. Ева Мендес се појавува како агент Моника Фуентес, повторуваќи ја својата улога од 2 Fast 2 Furious.

asdasdasdasdasda

Развивање[уреди | уреди извор]

До 3 февруари 2010 беше потврдено дека петтиот филм, кој се нарекува Fast Five, се режираше во Fast and Furious серијалот и дека шестиот дел е во план. Исто така беше потврдено дека Дизел, Вокер, текстописецот Крис Морган и продуцентот Нил Х. Мортис ќе се вратат во своите улоги во новото продолжение. Мортис изјави дека, по успехот на Fast and the Furious (2009) кои ги спои Дизел, Брустер, Вокер и Родригес од првиот филм, продукцијата сакаше да глумат повторно во следниот. Дизел почувствува дека приказната помеѓу ликовите одиграни од него и Вокер треба да продолжи, предвидувајќи го тоа да биде во три поглавја, од кои Fast Five' ќе биде последниот. Дизел исто така сакаше да врати неколку од ликовите од претходните серијали без итеракција, да ги соедини и да се забавуваат.

Од продукцијата најпрво планираа локацијата на филмот да биде во Рио де Жанеиро. Сепак, владата на Порторико им понуди даночни олеснувања во вкупна вредност од речиси 11 милиони долари, влијаејки на одлуката да се снима таму, користејќи го Порторико да го прикаже Рио де Жанеиро.

Universal се обиде да ги промени серијалите од улично тркање во серијали со кражба и потера со коли во стилот на Italian job (1969) и The French connection (1982), со Fast Five како преоден филм. Во април 2011, претседателот на Universal Адам Фогелсон рече:

Прашањето дали да ги ставиме Fast Five и Fast Six беше: дали може да изведеме од чиста филмска уметност со коли да претставува вистинска акциона франшиза во духот на оние филмови со кражби пред 10 или 15 години?

Фолгенсон рече дека тркањето им удри во глава на многу луѓе коишто сакаат да го гледаат филмот во серијали, и со тоа, правејќи го во серијали каде што способноста за тркање со коли е само еден аспект од филмот, надевајќи се дека ќе се зголеми гледаноста.

Текст[уреди | уреди извор]

Лин сакаше да ги истражи елементите на,, слобода и семејство’’ во филмот и соработуваше со Морган во врска со таа идеја, во кој и двајцата работеа во претходниот дел од франшизата. Морган работеше со Дизел да создаде приказна која понатаму ќе го истражи и развие карактерот на Дизел. Морган даде идеја да се вклучи кражбата на голем сеф, за време на снимањето на Fast and Furious, но филмот не испадна како што Морган планираше. Тој подоцна го вметна во Fast Five.

Снимање[уреди | уреди извор]

Со буџет од 125 милиони долари, снимањето на Fast Five беше закажано во јули и Август 2010 година, но траеше подолго отколку што беше предвидено, филмот сè уште се снимаше во почетокот на Ноември 2010 година.

Три филмски единици работеа истовремено. Главните глумци требаа да патуваат во Рио по барање на Лин, кој сметаше да е важно да се запознаат со околината и нивната култура, за да може да му се даде на филмот добра смисла. Дизел се согласи дека е важно клучните сцени да се снимаат во Бразил, коментирајќи: “бевме во можност да снимаме каде што други продуценти можеби нема да можат поради тоа што нашата франшиза има толку добра улична кредибилност. ”

Единицата за снимање во Рио направи воздушни снимки од градот вклучувајќи ги Sugarloaf планината, Копакабана и Ипанема плажите, Дона Марта и статуата на Христос Спасителот. Снимањето на членовите од тимот за кражбата беа направени кој како пристигнува во Рио. Гибсон беше снимен како пристигнува во Галео меѓународниот аеродром, но кога јавно се дознава дека таа сцена всушност се снимала на аеродромот, глумците и екипажот се запрепастени. Слична ситуација се случува кога Лудакрис е снимен во една сцена каде што неговиот лик купува кола за да се вози околу градот. Сцената каде што целиот тим за кражба се движи по плажа е снимано на Копакабана.

Потерата на покривите беше снимена во Порторико, за продукцијата да има целосна контрола врз областа. Главните и споредните филмси единици започнаа со снимање во и околу главниот град, Сан Хуан. Мешавината на островот од тропско зеленило и широки улици и дозволи на продукцијата да пресоздаде густа населеност во Рио, додека ги завршување поголемите акции и сцените снимени надвор без никакви инциденти. Продукцискиот дизајнер Петер Венхем имаше задачка да ги трансформира Порторико и Атланта во претходно извидничките локации во Рио за време од четири недели, за коишто продукцијата сметаше дека Рио не е соодветно место за снимање на поголемите сцени. Венхем требаше да ги зајакне градбите за да ја издржат тешката опрема за снимање и да ѓи промени боите на повеќе од 30 згради во градот за да ги направи соодветни за снимањето. Неговиот тим требаше да ги промени боите на зградите и сруши рушевините за да ја направи областа да личи на запоставена и Рио да наликува за гето. Венхем забележа дека, за време на развојот беше тешко, на неколкупати многу топло, беше како “прошетка во парк” во споредба со снимањето во гетата во Рио. Венхем целеше кон тоа да ги задржи монохроматските бои за филмот, со пригушени црна и сива, вклучувајќи го и изборот за бои на коли кои се користат. Тој одбира да додаде повеќе бои во едно гето. Теодоро Москоско мостот кој ги поврзува Сан Хуан со соседната Isla Verde беше искористен да се снима конечната пресметка помеѓу Дом и Рејес, додека американската поморската база надвор од Сан Хуан застана за сцените на мостот вклучувајќи го и сефот гмечејќи ги колите. Акционите сцени исто така беа снимени во Hato Rey и Río Piedras областите во Сан Хуан.

Потрагата во која Дизел, Брустер и Вокер ги гонат по покривите на гетото од Џонсон и неговиот тим беше снимена за време од една недела на мал рид во градот Нарањито. Сцената беше многу тешка за снимање поради тоа што патеките беа лизгави од влажната тропска жештина и во сцените беа вклучени и актори и трик двојки кои трчаа да ги избегнат кучињата, кокошките и други скитници животни во таа област. За да се фати сцената, 420 метарски кабел поврзан со камерата се користеше за да се овозможат брзите движења, птичја перспектива на акциите, и камери со помош на кран беа поставени на покривите и во уличките. Вокер и Брустер направија повеќе обиди за изведувањето на таа сцена, при што од нив се бараше да рипнат од зграда висока скоро 30 стапки во безбеден душек. Продукцијата вкупно вработи 236 техничари, 13 145 статисти, и обезбеди 16 824 соби во хотелите, давајќи и 27лиони долари на Пуерто Риканската општина.

Снимањето се префрли во Атланта, Џорџија за финалната фаза. Венхем и неговиот тим ја трансформираа нефункционалната железница во напуштено место за машини за коли, кое го користат главните ликови како место за собирање. Реконструирањето на железницата траеше неколку месеци. За тоа беше потребно да се овозможи доволно простор за каскадерите да возат во зградата и мораше да се внесе систем за осветлување. Дизајнерскиот тим преместуваше ѕидови, да ги вади старите коли на железничката станица, да ги трга ‘рѓосаните делови за автомобилите и погонските автомобилски шини и да прави помали градби во рамките на главната зграда за да обезбеди место. Со 25 страници од сценариото кои се снимаат во одредено време, кинематографот Стефан Виндон и неговиот тим потрошија 3 недели поставувајќи на серија од високопридвижувачки моторизирани светла во дрвени скелиња во зградата, кои можат да се конторлираат со далечинска и да овозможат осветлувањето да се менува брзо, додека целосно ја осветлуваат просторијата. Една сцена надвор каде што Дизел и Вокер присуствуваат на забава за коли, која вклучува неколку коли со високи перформанси, беше снимена со близината на куполата Грузија. Сцената со кражбата во возот беше снимена во Рис, Калифорнија за време од 3 недели.

Кореографот ја сметаше за многу тешка сцената со тепачката помеѓу ликовите на Дизел и Џонсон. Ликовите беа смислени да бидат подеднакво импресивни, така што тепачката беше испрекината со моменти на развој на карактерите, како што Мортиз сметаше дека тоа ја прави тепачката повозбудлива. За сцената беа потребни неколку недели проба и една недела да се сними од страна на акторите и нивните каскадерски двојници кои се здобија со неколку помали повреди.

Вештини со коли[уреди | уреди извор]

За кражбата на сефот беа потребни 4 недели подготовка за секоја сцена и поставување однапред на секој агол камера. Режисерите го вработија директорот за каскадерство Спиро Рацатос и координаторот Џек Гил да ја води втората акциона единица за снимањето. Двојката на почетокот започна со истражување на мајторијата, со тестирање на способностите на сефот и на Dodge Chargers кои ги возат Дизел и Вокер. Снимена на улиците на Хато Реј, хаотичната сцена бараше точно време да биде синхронизирано со неколку карактерни интеракции кои се случуваа за време на сцената. Рацатос одлучи да користи серија на коли со камера вклучувајќи и монтирана камера со кран на врвот на Porsche Cayenne, која му овозможи да снима од различни агли и висини додека возилата беа во движење и Subaru STI со челичен кафез поставен одоколу кој овозможува следење на снимките. Возачот на Subaru Ален Паделфорд одвреме навреме ненамерно ќе удри во сефот предизвикувајќи искри кои ненамерно стануваат корисни во снимањето. Паделфорд исто така разви и систем за монтирање на двојни дискови на врвот на возилата за Chargers кој му овозможува на каскадерот да го контролира возилото од покривот, додека глумецот се фокусира на нивните перформанси внатре во колата.

6 верзии беа направени за сефот од висина на 8 стапки, секоја за посебна намена. Една од сефовите беше само фасада поставена на предниот дел од малото камионче и се користеше за снимање на блиските снимки на сефот како ги уништува колите на улицата. Друг сеф беше зацврстен на самоуправувано возило со четири тркала поврзано со кабел долг 30 стапки кој се влече по улиците на Сан Хуан од страна на двајца возачи на Dodge Chargers. Четири тонскиот сеф го возеше каскадерот Хенри Кинги кој требање да носи костим за контролирање на температурата да компензира со температурите за да не надминат температура од 100 степени. Сцената во која сефот паѓа и колите застануваат на работ беше практичен ефект, а резултатот беше потрагичен од тоа што режисерите очекуваа. Повеќе од 200 возила беа уништени од сефот за време на снимањето. Неколку акробации требаа да бидат отсечени вклучувајќи ја и крајната сцена каде што треба да се види сефот висејќи на работ на мостот Теодоро Москоско. Оваа акробација беше оттргната кога се увиде дека дури ни моќните Chargers нема да можат да ја издржат тежината на сефот.

Кражбата во возот прикажа неколку предизвици. Режисерите мораа ефикасно да набават долга пруга која работи за снимањето и возовите да ги пренесуваат возилата. Вагоните мора да бидат изградени за да брзо движење на возот и да ги исполнуваат потребите за кражбата. Лин исто така бараше коли кој се во возот да можат да скокаат од него со максимална брзина. За сцената беше потребно прецизно извршување. Режисерите одбраа да користат коли кои поевтино би можеле да се заменат за кражбата во возот 1972 De Tomaso Pantera, 2007 Corvette GS Roadster, и Ford GT40 за да се избегне сметката за замена на 2милиони долари за Ford GT40.

Маркетинг[уреди | уреди извор]

Првиот трејлер на Fast Five беше ставен на фејсбук страната на Дизел на 14 декември, 2010 година, при што се верува дека е првпат употребен за овој маркетинг пристап. Тогаш, страната на Дизел имаше над 20 милиони посетители (една од најдобрите 5 страни од славните личности) привлекувајќи голема публика да го погледнат трејлерот. По ова деби и другите членови од глумечката група го објавија трејлерот на своите лични друштвени мрежи за своите обожаватели.

Играта на фејсбук Car Town од Cie Games и ланецот на театри Regal Entertainment Group соработиваа со Universal крос-медиумска маркетинг промоција. Car Town им овозможи на играчите да го гледаат трејлерот за филмот во театрите REG во играта и тркајќи се околу виртуелно направениот Рио де Жанеиро. Играта исто така содржи мисии и локации засновани на содржината на филмот, при што им дозволува на играчите да се тркаат со ликовите од Fast Five и да заземат место во кражбата. REG им даде на играчите на Car Town можност да купуваат билети преку Fandango за филмовите во REG театрите. Со купување на овие билети преку играта, на играчите им се даваат промотивни кодови кои им овозможуваат да го отклучат виртуелниот Dodge Charger 1970, која ја користи Дизел во филмот. REG го промовираше партнерството помеѓу филмот и играта во нивните театри во 37 земји онлајн и преку друштвените медиуми, додека Universal го промовираше преку нивната фејсбук страна, твитер и Youtube. Во октомври 2011, се тврдеше дека над 200 милиони трки учествувале во виртуелната околина на Рио де Жанеиро за период до 6 месеци откако започнала капмањата во април.

Произведителот на автомобили Dodge соработуваше со Universal во промовирање на филмот, давајќи им на користење неколку Dodge Chargers. Партнерството со Dodge вклучуваше Fast Five Dodge Charger кој го вози Роби Гордон во NASCAR Sprint Cup Series во текот на Април 2011-месецот на отворањето на Fast Five. Dodge исто така ја спонзорираше светската премиера на филмот во Рио де Жанеиро.

Објавување[уреди | уреди извор]

Премиерата на Fast Five беше на 15 април 2011 во Cinépolis Lagoon театарот во Рио де Жанеиро, Бразил. Угостувањето беше од страна на Сузи Кастиљо и спонзорирано од производителот на автомобили Dodge.

Box office[уреди | уреди извор]

Fast Five заработи 209 837 675 долари во Соединетите Американски Држави и Канада, а подоцна 416 300 000 долари во светот- конечен збир од 626 137 675 долари и со тоа правејќи го седниот највисоко рангиран филм во 2011 во светот. Оваа сума го прави Fast Five 116 највисоко рангиран филм на сите времиња на домашниот пазар и 66 највисоко рангиран филм во светот во нерегулирани долари.

На 14 мај 2011, после 25 дена во театрите, Fast Five го надмина Fast & Furious за да стане највисоко рангираниот филм во Fast and the Furious франшизата, со бруто добивка од 369 744 415 долари и најголема заработувачка од франшизата надвор од границите на Соединетите Американски Држави и Канада, со 214 619 415 долари-и двете цифри земајќи ја предвид инфлацијата. На 15 мај 2011, со бруто добивка од 168 780 000 долари, Fast Five го помина Fast & Furious во Соединетите Американски Држави и Канада за да стане највисоко рангиран филм на франшизата на домашен терен- повторно земајќи ја предвид инфлацијата-заработувајќи за 16 дена тоа што на Fast & Furious му беше потребно да го постигне за 91 ден. На истиот ден, со светска заработувачка од 440 480 000 долари, Fast Five го надмино Рио за да стане филм со најголема заработувачка во 2011. Овој рекорд го држеше 15 дена, пред да биде сменет на 30 мај 2011 година со Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides. На 18ти мај 2011 година, со вкупна заработувачка од 465 717 712 долари, тој исто така влегува во 100те највисоко рангирани филмови на сите времиња во светот-на 97мото место. Во октомври 2011, со заработувачка од 626 милиони долари го достигна највисокиот ранг на 55тото место на истата листа пред да ги напушти театрите.

Пазарот надвор од Соединетите Американски Држави и Канда

Fast Five прво беше пиштен во Австралија во среда на 20 април 2011година-9дена пред првата премиера во Северна Америка-проследена со понатамошни премиери во Велика Британија, Северна Кореја и Нов Зеланд. Најраниот старт во овие земји беше темпиран за да се совпадне со велигденските празници и да ја избегне конкуренцијата од четирите летни филмови кои се најавуваа, иако ова го донесе до дирекна конкуренција со superhero film Thor. На денот на премиерата Fast Five заработи 2 милиони долари од Велика Британија, 570 000 илјади од Северна Кореја и 260 000 илјади долари од Нов Зеланд. На крајот на премиерниот викенд, филмот имаше заработувачка од вкупна сума од 24 милиони долари од странските земји, вклучувајќи ги 10те милиони долари од Австралија (најголемото отворање на Universal во таа земја), 8. 8 милиони долари од Велика Британија, 3. 4 милиони долари од Северна Кореја и 870 000 илјади долари од Нов Зеланд. На вториот викенд во странските земји, Fast Five заработи 45 милиони долари во 3 139 театри во 14 земји, рангирајќи се прв на box office на секој до 10те нови странски пазари и рушејќи ги рекоридите на Universal филмовите со најголема заработувачка во Русија, Шпанија и Турција. Неговата меѓународна заработувачка сепак, го стави на второто место зад Thor, којшто имаше премиери во повеќе земји од Fast Five.

Третата недела по објавувањето на Fast Five дојде до првото место во следните 44 земји, со вкупна бројка од 58 – 6979 во сите театри заедно. Со двата филма отворени во слична бројка на држави (58 на Fast Five и 57 на Thor) - Fast Five остана на првата позиција со вкупна заработувачка од 184. 5 милиони долари наспроти Thor со вкупна заработувачка од 176 милиони долари на второто место. Тој викенд го сруши рекордот за викенд отворање на Universal во 12 земји:Аргентина, Бразил (5мил. долари), Чиле, Франција (8. 8 мил. долари), Индија, Италија (7. 4мил. долари), Малезија, Мексико (8. 6мил. долари), Холандија, Тајланд, Соединетите Арабски Емирати и Виетнам. Го сруши рекордот за најголемо викенд отворање со најголема заработувачка во Соединетите Арабски Емирати (2. 6мил. долари), држејќи го рекордот две недели пред да биде заменет со Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2. 7л. долари). На 31 мај 2011, Fast Five, со кумулативна заработувачка од 350 милиони долари, беше заменет со филмот со најголема заработувачка за 2011 на меѓународно ниво од страна на Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (472. 3мил. долари).

Соединетите Американски Држави и Канада

Во Соединетите Американски Држави и Канада, Fast Five беше промовиран на 29 април 2011 во 3644 театри и со тоа правејќи го 96от најшироко промовиран на сите времиња. Беа потребни 3. 8 милиони долари за приемот за време на вечерашната проекција, обележувајќи го како најдобро отворање на Universal и за најдобар филм на Fast and the Furious серијалот. На крајот на денот вкупната беа потрошени вкупно 34. 4 милиони долари вклучувајќи ги и вечерашните трошоци, правејќи го отворањето со најголема заработувачка од сите години, заменувајќи го Fast & Furious (30. 1милиони долари) и второ најголемо петточно отворање вон летниот и празничниот период, зад Alice in Wonderland (40. 8л. долари). Вкупно, Fast Five заработи 86. 2 милиони долари за време на викендот на отворањето, во просек по 23, 655 илјади долари од театар. Оваа сума го најправи филм со највисока заработувачка во серијалот и филм со највисока заработувачка за време на викнд отворање за Universal, заменувајќи го The Lost World: Jurassic Park (72. 1мил. долари), филм со највисока заработувачка за викенд отворање во април на сите времиња, заменувајќи го Fast & Furious (71мил. долари) и второ најголемо пролетно отворање повторно зад Alice in Wonderland (116. 1мил. долари). Филмот исто така беше отворање со најголема заработувачка за Дизел, Вокер, Брустер, Џонсон, Мортиз и Лин.

Филмот подоцна се прикажа и во 8 кина (правејќи ги вкупно 3662) за време на втората недела од отворањето (6-8 Мај), заработувајќи повеќе од 32мил. долари, или 8860 мил. долари од театар. Ова беше 62, 4 процентно опаѓање од примањата од претходната недела, делумно како резултат на опаѓањето на IMAX и на екраните со голем формат кој го прикажуваа филмот (намалено од 244 на 20) која придонесе само 510 000 долари за заработувачката во вториот викенд. Ова го симна филмот на второто место во театрите, поззади ново прикажаниот Thor со 66мил. долари. И покрај конкуренцијата со Thor, Fast Five заработи понатамошни 20мил. долари за таа недела, правејќи ја заработувачката во САД и Канада над 135мил. долари. На 7 мај 2011, Fast Five (139. 8л. долари) го надмина Rio (116. 5мил. долари) за да стане филм со најголема заработувачка за 2011 во САД, држејќи го рекордот од 36 дена, сè до 11 јуни 2011 кога беше заменет со The Hangover Part II (203. 8л. долари). На 4 јуни 2011, 37 дена после премиерата во САД, филмот стана првиот филм за 2011 со заработувачка поголема од 200 милиони долари.

На 15 јуни 2011, Box Office Mojo го спореди перформансите на box office на 10 филма еден по друг објавени во 2011 со тие од оригиналните филмови на нивната франшиза. Fast Five беше на врвот на листата, правејќи го единствено продолжение кое ја надминува својата оригинална франшиза;беше филм со најголема заработувачка во Fast and the Furious франшизата (и единствен со најголема посетеност од оригиналот во 2001 година). Позади Fast Five беа The Hangover Part II и Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides.

Fast Five беше прекинат на 11ти август 2011, после 105 дена (15 недели) заработувајќи 209 837 675 долари низ 3793 театри, правејќи го филм на второ место со највисока заработувачка од филмовите со кражби, позади Inception (292. 5мил. долари) и втор филм со највисока заработувачка од филмовите со трки на автомобили позади Cars (244мил. долари). Филмот доби едно неделно повторно отворање во IMAX театрите на 30 септември 2011 година.

Бразилски критики[уреди | уреди извор]

Бразилските рецезенти го осудија косистењето на Рио де Жанеиро во филмот, тврдејќи дека имало стереотипи како “доминација на силно вооружени шверцери на дрога, корумпирана полиција и секси жени”. O Globo ги обвини продуцентите за користење “воздушни снимки и брза монтажа” за да го “измами гледачот” да верува дека кривичните дела се случуваат во Рио. Globo исто така реагираше негативно на користењето на “странците” за да ги претставуваат бразилците, ”зборувајќи португалски со смешен акцент”. Veja се согласи со O Globo, кажувајќи дека “градот и филмската комисија на Рио ја поддржаа продукцијата”. Но сликата која ќе се рашири низ светот и баш таква каква што градот не сака.

Песни[уреди | уреди извор]

Fast Five (Original Motion Picture Soundtrack) беше поставен на iTunes на 25 ти април 2011 и на CD на 3 ти мај 2011 од страна на ABKCO Records. Се одликува со многу регетон и ритмички латински песни, вклучувајќи ги песните на Don Omar, Busta Rhymes и многу други и со три дела од оригиналот на Тајлер за филмот: "Assembling the Team", "Mad Skills" и "Fast Five Suite". Музичкиот водич AllMusic го награди албумот со 3 ѕвезди од можни 5, коментирајќи дека “целта тука е да се дополни сликата која како и секогаш оди во комплет со возачките секвенци вклучувајќи светлечки коли, убави, оскудно облечени жени и мускулести мажи. Таа цел е остварена со оваа тешка музика и агресивниот латински рап. ”Лудакрис соработуваше со Slaughterhouse и Кларет Џеј за водечкиот сингл на песната "Furiously Dangerous".

Продолженија[уреди | уреди извор]

Шестото продолжение на Fast and Furious серијалот беше испланирано во февруари 2010 кога започна снимањето на Fast Five и во април 2011 беше потврдено дека Морган започнал со работа на содржината на потенцијалниот шести филм. Дизел и Мортиз повторно се вратија како продуценти на филмот и Лин за да раководи. На 24 ти јуни 2011 Universal Pictures најавија дека премиерата на очекуваното продолжение е закажана за 24 ти мај 2013 година.