Бостонска чајанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бостонска чајанка
Дел од Американската револуција
Цртеж на Бостонската чајанка
Датум16 декември 1773 г.
МестоБостон, Провинција Масачусетс Беј, Британска Америка
ПоводЧајниот указ
Целипротест против данокот на чај на Британскиот парламент
Начинифрлање на чајот во Бостонското пристаниште
ИсходНеподносливи закони
Страни во судирот

Бостонска чајанка (англиски: Boston Tea Party) — политички и трговски протест на бостонските колонисти против економската политика на метрополата на Кралството Велика Британија и монополот на Британската источноиндиска компанија врз снабдувањето со чај за колониите на Британската Империја. Протестот од четврток, 16 декември 1773 г. вклучувал уништување на голем товар британски чај што пристигнал со брод во Бостонското пристаниште. Поводот за тоа е одбивањето на службените власти во Бостон да вратат три брода со чај во Велика Британија.[1] Бостонската чајанка станала икона во американската историја и придонела за почетокот на Војната за независност на Соединетите Американски Држави.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mitchell, Stacy. The big box swindle. Посетено на 20 April 2018.
  2. Smith, George (17 January 2012). The Boston tea party. The institute for humane studies and libertarianism.org. Посетено на 20 April 2018.
  3. Sosin, Jack M. (June 12, 2022). „The Massachusetts Acts of 1774: Coercive or Preventive“. Huntington Library Quarterly. 26 (3): 235–252. doi:10.2307/3816653. JSTOR 3816653. Посетено на June 12, 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]