Борово (град)
Борово Борово | |
---|---|
град | |
Местоположба на Борово во Бугарија | |
Координати: 43°29′26″N 25°48′41″E / 43.490685°N 25.811472°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Русе |
Општина | Борово |
Управа | |
• Градоначалник | Валентин Великов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 37,26 км2 (14,39 ми2) |
Надм. вис. | 293 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,992 |
• Густина | 53/км2 (140/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7174 |
Повик. бр. | +359 08140 |
Мреж. место | borovo.org |
Бòрово (бугарски: Борово) — гратче во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Борово во Русенската Област. Има население од околу 1.992 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Борово се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 50 километри југозападно од регионалниот центар Русе и на 6 километри од Бјала.
Историја
[уреди | уреди извор]Во земјиштето на градот Борово се пронајдени исклучителни предмети од сребрено тракиско богатство, познато како „Боровско богатство“ и тракиска гробница од IV век п.н.е. Помеѓу селата Батин и Горно Абланово, се пронајдени докази за постоење на стар римски пат.
Првите информации за селото потекнуваат од 1657 година, кога се споменува под името Чифлик манастир. Во наредните години се викало Горна Манастирица или Горно Манастирци. Со Указ бр.1273 од 4 септември 1948 година, селото Горазд било избришано и припоено како јужна населба на селото Горна Манастирица. Со Указ бр.79 од 11 февруари 1958 година селото Горна Манастирица било преименувано во село Борово, кое добило статус на град во 1984 година.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Указ № 2907 от 5 септември 1984 г. Обн. ДВ. бр. 71 от 7 септември 1984 г.