Прејди на содржината

Боривое Џимревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боривое Џимревски
Роден Боривое Тодоров Џимревски
27 април 1940
Куманово, Кралство Југославија
Починал 26 септември 2011(2011-09-26) (возр. 71)
Националност Македонец
Занимање етномузиколог, етноорганолог

Боривое Џимревски (понекогаш запишан како Боривоје Џимревски; 27 април 1940 во Куманово26 септември 2011) — македонски етномузиколог и етноорганолог.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Музичката академија во Белград во 1967 година. Еден период работел во Радио Скопје (1967-1974). Потоа, во 1974 година се вработил во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ како асистент-истражувач на народните музички инструменти и инструменталната народна музика. Докторирал во 1992 година со темата „Гајдата во Македонија, инструмент - инструменталист - музика“.

Напишал над 40 стручни трудови со кои учествувал на повеќе меѓународни конгреси и симпозиуми. Извршил обемни теренски истражувања што резултирале со над 4.000 снимени записи, 1.678 мелографии и 1.265 оригинални фотографии. Објавил неколку книги.

Бил раководител на монографскиот проект „Фолклорот во Куманово и Кумановско“ во 2000 година.

Џимревски дал значаен придонес во организирањето на повеќе фолклорни фестивали, смотри, семинари и предавања.

Починал на 26 септември 2011 година.[2]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џикова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1640. Text "series " ignored (help)
  2. „Македонски фолклор“ (PDF). Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Посетено на 29 ноември 2023.