Прејди на содржината

Бонбона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бонбони

Бонбони[1][2] или бонбон[3][4] — тврди слатки направени од шеќер, со додадени бои и мириси. Зборот доаѓа од францускиот збор „Бон“ што значи нешто добро. Бонбоните се тврди и се јадат подолго време, и тешко може да се прегризат. Производителот на бонбони се нарекува бонбонџија.

Во минатоот, бонбоните се продавале на грамови од големи стаклени садови, а денес главните производители се фабриките и се пакувани во кесички по 100 грама.

Производство

[уреди | уреди извор]

Сирупот, кој е мешавина од шеќер, вода, млеко и друго, се вари со одредена концентрација, или додека да се карамелизира. Во зависност од составот и должината на вриење, се добиваат различни видови на бонбони.

Бонбоната како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Дожд од бонбони“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[5]
  • „Поучни бонбнони“ — расказ на Џани Родари.[6]
  • „Бомби и бонбони“ (хрватски: Bombe i Bomboni) — песна на хрватската рок-група Структурне птице.[7]
  1. „бонбона“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „бонбона“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „бонбон“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „бонбон“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  6. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  7. Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]