Боди дрво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрвото Махабоди во храмот Шри Махабоди во Бод Гаја
Дијамантскиот трон или Вајрашила, каде што Буда седел под дрвото Боди во Бод Гаја

Боди дрво (Ficus religiosa) — големо свето дрво од родот смоква, сместено во Бод Гаја, Бихар, Индија. Се вели дека Сидарта Гаутама, духовниот учител кој станал познат како Буда, достигнал просветлување околу 500 година под ова дрво. Во религиозната иконографија, дрвото Боди е препознатливо по неговите лисја во форма на срце, кои обично се истакнати.

Оригиналното дрво под кое што седел Сидарта Гаутама повеќе не е живо денес, но терминот „боди дрво“ се применува и на други постоечките свети смокви. Најпознатиот пример за постоечко дрво е дрвото Махабоди кое расте во храмот Махабоди во Бод Гаја, ова дрво често се наведува како директен потомок на оригиналното „боди дрво". Ова дрво било засадено околу 250 година п.н.е., и било многу честа дестинација за аџиите, бидејќи било најважното од четирите главни будистички места за аџилак .

Други свети боди дрвја со големо значење во историјата на будизмот се дрвото Анандабоди во Џетавана во Сравасти во Северна Индија и дрвото Шри Маха Боди во Анурадапура, Шри Ланка . Се верува дека и двете потекнуваа од оригиналното Боди дрво.

Институтот за истражување на шумите во Индија помага во одржувањето на дрвото уште од 2007 година. Свети лисја може да ги купат и аџиите како спомени. Религиозните приноси, кои би можеле да привлечат инсекти, биле префрлени на одредено растојание од дрвото.

Потекло и потомци[уреди | уреди извор]

Бод Гаја[уреди | уреди извор]

Слика од 1810 година на мал храм под дрвото Боди, Бод Гаја
Дрвото Махабоди во Бодгаја во 2015 година
Илустрација на храмот изграден од Асока во Бод Гаја околу дрвото Боди. Скулптура од периодот Сатавахана во Санчи, 1 век н.е.

Дрвото Боди во храмот Махабоди се нарекува Шри Маха Боди. Гаутама Буда постигнал просветлување додека медитирал под Ficus religiosa . Според будистичките текстови, Буда медитирал под ова дрво цели седум недели (49 дена) без да се помести од своето свето место. Светилиштето подоцна било подигнато на местото каде што тој претходно седел.

Местото се користело како светилиште дури и за време на животот на Буда. Императорот Ашока Велики бил највреден во оддавањето почит на Боди дрвото и секоја година во чест на месецот Катика одржувал фестивал . Неговата кралица, Тисаракха, била љубоморна на дрвото и три години откако станала кралица (т.е. во деветнаесеттата година од владеењето на Асока), го проколнала дрвото да биде убиено со манду трње. Дрвото, и покрај тоа повторно израснало, и голем манастир бил прикачен на Бодиманда и бил наречен Бодиманда Вихара.

Во VII век од нашата ера, кинескиот патник Ксуанзанг детално го опишал ова дрво.

Знак на Боди дрвото, 2013 година

По секое уништување на дрвото, на истото место се садело ново дрво.

Сепак, дрвото се расипало во 1876 година, а преостанатиот дел од дрвото било уништено во бура. Во 1881 година, Канингам засадил ново Боди дрво на истото место.

Џетавана, Сравасти[уреди | уреди извор]

Храмот Махабоди на Ашока и дијамантскиот престол во Бод Гаја, изграден околу 250 п.н.е. Натписот помеѓу сводовите на Чаитја гласи: „Бхагавато Сакамунино/бодо“ т.е. „Зградата околу дрвото Боди на Светиот Сакамуни

Се вели дека во древни будистички текстови за да можат луѓето да ги принесат своите жртви во името на Буда кога тој бил отсутен на аџилак, Буда одобрил садење семе од дрвото Боди во Бодхаја пред портата на манастирот Џетавана кај Сравасти . За таа цел Могалана зела плод од дрвото додека паѓало од стеблото пред да ја допре земјата. Со голем раскош и церемонија тоа било засадено во златна тегла од Анатапиндика .Фиданка веднаш изникнала, висока околу педесет лакти, и за да ја освети, Буда преноќил една ноќ под неа, занесен во медитација. Ова дрво, бидејќи било засадено под раководство на Ананда, станало познато како Ананда Боди.

Анурадхапура, Шри Ланка[уреди | уреди извор]

Ќерката на кралот Асока, Сангамита, донела со себе парче од дрвото во Шри Ланка, каде што постојано расте до ден-денес во античкиот главен град на островот, Анурадапура. Ова Боди дрво најпрво било наречено Јаја Шри Маха Боди. Според Махавамса, Шри Маха Боди во Шри Ланка било засадено во 288 п.н.е., што го прави најстариот проверен примерок од било кои скриеносеменици. Буда, на неговата смртна постела, решил пет работи, едната е дека гранката што треба да се однесе до Цејлон треба самата да се откачи. Од Гаја, гранката била пренесена во Паталипута, потоа во Тамалити, каде што била ставена во брод и преку море била однесена во Џамбукола, конечно таа пристигнала во Анурадхапура, останувајќи на пат во Тивака. Оние кои му помогнале на кралот за време на церемонијата на садење на дрвото биле благородниците на Кајарагама, Канданагама и Тивака.

Јаја Шри Маха Боди е исто така познато и како најсветото Боди дрво. Дрвото Боди е познато по тоа што предизвикува дожд и лекува болни. Кога некој ќе се разболел, еден од неговите или нејзините роднини го посетувал Боди дрвото за да го наводни седум пати во текот на седум дена и да се заколне во име на болниот за брзо закрепнување.

Хонолулу, Хаваи[уреди | уреди извор]

Во 1913 година, Анагарика Дармапала однел една фиданка од Шри Маха Боди на Хаваите, каде што тој ја подарил на својата добротворка, Мери Е. Фостер, која многу финансирала будистички мисионерски работи. Таа го засадила во територијата на нејзината куќа во Хонолулу, покрај потокот Нуану. По нејзината смрт, таа ја оставила својата куќа и својата територија на луѓето од Хонолулу, и тоа станало ботаничка градина.

Ченаи, Индија[уреди | уреди извор]

Фиданка од дрвото Маха боди засадена во 1950 година во Теозофското друштво

Во 1950 година Џинарајадаса зел со себе три фиданки од Шри Маха Боди за да засади две во Ченаи, првото било засадено близу храмот на Буда во Теозофското друштво, другото кај брегот на реката Адијар. Третата била засадена близу центарот за медитација во Шри Ланка.

Таузанд Оукс, Калифорнија, САД[уреди | уреди извор]

Брахманда Пратап Баруа, Рипон, Дака, Бангладеш, во 2012 година зел со себе една фиданка од дрвото Боди од Буда Гаја, Маха Боди и ја однел во Таузанд Оукс, Калифорнија, каде што му ја подарил на својот добротвор, Анагарика Глен Хјуз, кој многу ја имал финансирано будистичка работа и предавал будизам во САД. Тој и неговите ученици ја примиле фиданката со голема благодарност, а подоцна фиданката била засадена во земја во блискиот парк.

До Декшабхоми, Нагпур[уреди | уреди извор]

Ова Боди дрво било засадено во Декшабхуми од три гранки на дрвото Боди во Анурадхапура во Шри Ланка. Бхадант Ананд Каусалјајан ги донел овие гранки од Шри Ланка како спомен на просветлувањето на Буда.

Кезон Сити, Филипини[уреди | уреди извор]

Фиданка на светото Боди дрво од Анурадапура Шри Ланка била засадена на 15 мај 2011 година, во Виздом Парк 14 Бродвеј Авенија, Нова Манила, Кезон Сити, Филипини од страна на Д.М. Џајаратне, премиер на Шри Ланка и Маријано С. Јупитун.

Бризбејн, Квинсленд, Австралија[уреди | уреди извор]

Фиданка од дрвото светото Боди дрво од Анурадхапура Шри Ланка било засадено во април 2008 година во точката Курилпа, местото на уметничката галерија и галерија на модерна уметност во Квинсленд, од уметникот Ли Мингвеи, што е опишано како амбициозно живо уметничко дело.

Прослави[уреди | уреди извор]

Ден на Боди[уреди | уреди извор]

На 8 декември, Денот на Боди го слави просветлувањето на Буда под Боди дрвото. Оние кои ја следат дармата се поздравуваат велејќи си: „Буду саранаи!“ што во превод значи „мирот на Буда нека биде ваш“. Исто така, генерално се смета за религиозен празник, слично како Божиќ на христијанскиот запад, во кој се служат специјални оброци, особено колачиња во форма на срца (се однесуваат на листовите во облик на срце на Боди) и оброк од кер, кој бил првиот оброк на Буда со кој завршило неговото шестгодишно испосништво.

Боди Пуја[уреди | уреди извор]

Боди Пуја, што значи „почитување на дрвото Боди“ и тоа е ритуал на обожавање на дрвото Боди и божеството што живее на него. Тоа се прави со давање разни приноси како што се храна, вода, млеко, светилки, темјан итн., и пеење на стиховите на славата на дрвото Боди во Пали.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]