Боби (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Боби (англиски: Bobby) е американски филм од 2006 година, во режија на Емилио Естевез, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Ештон Качер, Лоренс Фишбурн, Деми Мур, Ентони Хопкинс, Шерон Стоун, Илајџа Вуд, Линдзи Лохан, Кристијан Слејтер, Хари Белафонте итн. Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во две категории.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот започнува за време на предизборната трка за претседател на САД. На 4 јуни 1968 година, сенаторот Роберт „Боби“ Кенеди пристигнува во хотелот „Амбасадор“ во Лос Ангелес. Кампањата е во полн ек, а тој го подготвува говорот што треба да го одржи на полноќ. Кенеди е последната надеж на демократските сили во САД за извлекување на земјата од војната во Виетнам, расизмот, класните разлики и половата нееднаквост. Меѓутоа, сите надежи се распрснуваат кога Кенеди ќе биде убиен.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Приказна за атентатот врз Кенеди“, Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 3.
  2. „Боби“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 25.